• Апарати за ХРОНО исхрана

    Во нашиот Центар за внатрешни болести СРЦЕ постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.
    – Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравствено-физичкиот score.
    – Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање наинтолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.
    После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.