• Биографија Др. Маја Врчаковска

    Биографија Др. Маја Врчаковска

    Др. Маја Врчаковска, специјалист по интерна медицина, родена 01.05.1980 год. во Скопје, редовно вработена во ПЗУ “Центар за внатрешни болести СРЦЕ” од 2012 година. Моментално на дополнителна доедукација-супспецијализација по кардиологија.

    Работно искуство:

     

    Сегашна работна позиција-спец.интернист, редовно вработена во ПЗУ  “Центар за внатрешни болести СРЦЕ”

    2007-2011 Редовно вработен доктор на медицина-Специјална болница за кардиохирургија  “Филип Втори”

    2005-2006 г. Волонтер на оддел за општа хирургија, Воена болница, Скопје

    01.1998-05.1999 год. – Активен предавач во средни училишта во Р. Македонија за Промоција на сексуално и репродуктивно здравје по PHARE (Programme of Community aid to the countries of Central and Eastern Europe)

     

    Образование:

    2018 година-во тек на супспецијалистички студии по кардиологија

    2015 Завршена специјализација по интерна медицина, Медицински Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

    1999-2005  Доктор на медицина, степен на едукација – мастер, Тракиски Универзитет, Стара Загора, Бугарија

    1995-1999  Средно медицинско училиште, “Др. Панче Караѓозов”, отсек медицински сестри, дипл. медицинска сестра

     

    Дополнителни вештини/информации:

    • Член на Европско кардиолошко здружение
    • Член на Македонско кардиолошко здружение
    • Член на Македонско интернистичко здружениe
    • Член на Европско здрушение за метаболна грижа на пациенти (ESPEN)

     

    • Сертификат за Tripple S Learning (sales, service and success)
    • Сертификат за основно одржување во живот (BLS)
    • Европски сертификат за напреднато одржување во живот (ALS)
    • Интернационално здружение за минимално инвазивна хирургија ISMICS (International Society for Minimally Invasive Cardiothoracic Surgery), Турција, 2007 год.
    • Активен учесник на Вториот конгрес за пнеумофтизиологија на РМ, 2011- Картагенер синдром, приказ на случај
    • Учество на 8-ми Основен курс за клиничка нутриција – ACCN, Белград, април 2012
    • Учество на 8-ми Напреден курс за метаболна грижа -ESPEN, октомври 2012, Дубровник
    • Активно учество на Интернационалниот конгрес за пулмологија, 2013 г., Белодробна тромбоемболија после биопсија на простата, приказ на случај
    • Презентација на Еректилна дисфункија и кардиоваскуларен ризик (васкулогена и ендокрина етиологија), 2013г., Универзитетска клиника за кардиологија
    • Презентација на Акутен коронарен синдром како прва манифестација на вистинска полицитемија рубра-приказ на случај, 2015 год., Универзитетска клиника за кардиологија
    • Учество во 3-та клиничка фаза за нов Х-3 рецепторен антагонист во третман на опструктивна ноќна апнеа
    • Истражувач во Фаза 3, двојно слепа, рандомизирана паралелна студија за споредба на ефектот и безбедноста кај високоризични пациенти за кардиоваскуларни заболувања со мешана дислипдемија со 12 месечна  апликација на фиксно дозна комбинација на  Fenofibrate 160mg и  Pravastatin 40mg (PRAVAFENIX) наспроти Atorvastatin 20 mg.

     

    Хоби: посветен фан и познавач на филмската и драмска уметност, јавање коњи, велосипедизам, стрелаштво, скијање, изработка на модни креации.