• Биографија

    Биографија

    Др. Горан Николов, роден во Скопје, специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог, основач и раководител на ПЗУ “Центар за внатрешни болести “СРЦЕ”.

    Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, а по отслужувањето на воениот рок и задолжителниот лекарски стаж во поранешната Воена болница, Скопје, работи во Гарнизонската амбуланта Куманово како општ лекар до почетокот на специјализација по интерна медицина.
    Работи и специјализира во тогашната Воена Болница Сплит, Военомедицинска Академија во Белград и Клиничка болница “Сестре Милосрднице” во Загреб, Р.Хрватска каде завршува специјалистички испит по интерна медицина. Супспецијалност од областа на кардиологијата завршува на Медицинскиот факултет во Скопје.

    По враќањето во државата осум години работи како специјалист интернист во една од првите приватни интернистичко-кардиолошки ординации ПЗУ “АТИК-КОР” во Скопје. На почетокот на 2003 година го формира ПЗУ “Центарот за внатрешни болести СРЦЕ” со кој раководи и денес.

    Летото 2014 година престојува и се едуцира во Центарот за превентивна медицина др. Гифинг, Белград, Р. Србија, а од почетокот на 2015 година за прв пат во Македонија ја воведува Хроно исхраната по принципите на др. Гифинг. На тој начин лекарската пракса во центарот СРЦЕ, покрај дијагностичките процедури кои се изведуваат, ја прошири својата работа и во областа на превентивната медицина.

    Учесник е на сите досегашни национални кардиолошки конгреси како и на многу меѓународни, европски и светски конгреси, симпозиуми.

    Хоби: планинар, велосипедист, скијач, дискофил, доктор за рокенрол, пасиониран љубител на патувања.