• Биохемиска лабораторија

    ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ СРЦЕ ИМА СОПСТВЕНА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА 

    Со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови, со својот искусен тим кој поседува висок професионален и етички пристап кон процесот на работа, биохемиската лабораторија нуди комплетни, екстремно точни и брзи лабораториски резултати. Биохемиската лабораторија ви нуди голема палета на лаботаториски анализи, вклучувајќи :

    – Комплетен хематолошки статус

    – Комплетен уринарен статус

    – Комплетен рутински биохемиски статус ( глуциден, липиден, протеински, ензимски, деградационен, електролитен итн.)

    – Маркери за анемија

    – Комплетен имунолошки статус

    – Тумор маркери

    – Комплетен хормонален статус

    – Тестови за инфективни заболувања

    – Тестови за хемостаза

    – Алерготестови( инхалациони и прехрамбени панели)

    – Специфичен и најсовремен кардиолошки маркерHigh Sensitivity C-reactive Protein

    За една биохемиска лабораторија од ваков тип, најважна е сигурноста и точноста на издадените резултати.Токму поради тоа, нашата биохемиска лабораторија работи со строго високо контролирани лабораториски тестови, користејќи секојдневни внатрешни контролни тестови, како и надворешен систем за контрола на квалитет PREVECAL (External Quality Assessment Program PREVECAL) за биохемија и месечна контрола на квалитет SYSMEX за хематологија..