За нас

Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е основан и функционира под раководство на Др. Горан Николов специјалист интернист-супспецијалист кардиолог.

Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е приватна здравствена организација, основана во 2003 година, во која се извршуваат специјалистички/супспецијалистички дијагностички прегледи од областа на интерната медицина – кардиологија, гастроентерохепатологија, нефрологија, ендокринологија, ревматологија, ангиологија.

Во центарот исто така функционира кабинети за: тироидеа, андропауза, дијабетес, периферна циркулација, хипертензија, градна болка, аритмии, нефрологија и гастроентерохепатологија.

Д-р Горан

  • Фундаментална цел

    Наша фундаментална цел e во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања да поставиме дијагноза …

  • Основни вредности

    Наши основни вредности и начела се стручност, доверливост, љубезност, точност и ефикасност. Опремени сме со најсовремена опрема и со тим од експерти, универзитетски професори кои се водечки стручњаци во своите области во Република Македонија.

  • Основна мисија

    Наша основна мисија е високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти, и превенција од болести на здравите.

Прегледите и дијагностичките процедури се изведуваат по претходно закажување на телефоните 02 3217 016 или по електронски пат секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 19.00 часот како и во сабота од 09.00 –12.00 часот.

Неработни денови се недела и државните празници.

Плаќањето може да биде во готово, на банкарска сметка или со платежни картички Maestro, Visa.

Со цел за подобро да се запознаеме со медицинската историја на пацинетот при прегледот пожелно е да се приложат документи од евентуални претходни прегледи ( РТГ, КТ, УЗ, МР…) и лабораториски инвестигации, како и медицинска документација од евентуално претходно болничко лекување.

Нашиот тим

  • Консултанти

    Проф. Др. Бранкица Крстевска

    Проф. Др. Бранкица Крстевска

    спец. интернист, супспец. ендокринолог

    Проф. Др. Катица Зафировска

    Проф. Др. Катица Зафировска

    спец.интернист, супспецијалист нефролог, хипертензиолог

    Проф. Др. Мирко Крстевски

    Проф. Др. Мирко Крстевски

    спец.интернист, супспецијалист гастроентерохепатолог