• Нутриционизам

    ПРАВИЛНА ИСХРАНА

    Исхраната е единствената значајна одредница која е целосно под ваша контрола. Конечната одлука за тоа што ќе или нема да внесете во вашето тело. Другите детерминанти, како што се квалитетот на воздухот, кој го вдишувате, бучавата на која сте изложени, емоционална клима на вашата околина – не секогаш може да се контролира, но затоа пак можете да го контролирате она што го јадете. Многу е важно да одберете храна која ќе придонесе во подобрување на вашето здравје. Правилно избалансирана храна земена во вистинско време е секогаш добар избор.

    Погрешен избор на храна во одредено време од денот доведува до создавање на метаболен отпад и труење на клетките на организмот.Ова со време предизвикува разни заболувања, на прво место настануваат разни метаболни нарушувања (шеќерна болест, како последица на исцрпеноста на панкреасот, пореметувања на липидниот стстуа – зголемени вредности на триглицериди и холестерол во крвта, а а како последица на тоа заболувања на срецето и крвните садови, покачен крвен притисок, но и прерано стареење, разни форми на малигнитет, дегенеративни заболувања, гојност и тн.)Најчесто видлива последица на грешките во исхраната е дебелеењето како општо така и парцијално (насобирање на масни депозити во одредени делови на телото). Со правилната исхрана и со планирањето на секојдневните оброци го намалуваме ризикот од гоност. Дебелината е еден од водечките фактори во светот кој влијае врз појавата на хронични незаразни болести како што се дијабетесот тип 2 или кардиоваскуларни болести.

    Урамнотежената и разновидна исхрана е основа на здравјето, а истовремено помага во регулирањето на телесната маса.

    Не постои „добра“ или „лоша“ храна, но затоа постои добра или лоша исхрана.Секогаш има време да влијаете врз вашето здравје.Секогаш има време да се храниме правилно.

    ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

    Дали ви се случило да ве боли глава после јадење?

    А дали ви се надул стомакот од консумирање на некоја храна?

    Дали понекогаш имате чувство на слабост, замор, апатија, главоболка, депресија или болки во мускулите без посебна причина?

    Ако некои од овие поплаки ви звучат познато, проблемот може да се крие во храната за која организмот ви дава сигнали дека не ја поднесува добро.

    За разлика од прехранбената алергија која е итна реакција на телото на некоја храна, интолеранцијата на храна се манифестира побавно – од неколку часа до неколку дена по моментот на земање на некоја храна.

    Најчести храна, од кои организмот пројавува интолеранција се пченицата, различни млечни производи, чоколадо, јајца, агруми, додатоци во храна и пијалаци, апетисани, алкохол, чај и кафе. Симптомите поврзани со интолеранцијата се многу поразлични од овие на класичните алергии, и организмот може да реагира секогаш на различен начин од ист производ. Сè повеќе слушаме дека одредени видови на храна предизвикуваат здравствени проблеми. Главоболки, пореметување на расположението, надуеност, улцеративен колитис, ревматоиден артритис, егзема, дијареа, науката признава дека ваквите болести и нарушувања може да бидат предизвикани или влошенаи од страна на вродена отпорност на организмот кон одредени состојки во храната. Не се работи за алергии во класична смисла на зборот, туку за тешкотиите што последователно ги предизвикуваат одредени видови храна, или комбинации на повеќе храни. Овие реакции на организмот се наречени неподносливи, чувствителни, метаболички реакции или едноставно неповолни реакции на храна. Избегнување на одредени видови на храна може да доведе до значителни подобрувања на многу навидум неизлечиви, долгорочни хронични заболувања, вклучувајќи ги и ревматоидниот артритис и дигестивните нарушувања.

    Ако се сомневате дека вашиот организам пројавува интолеранција кон конкретна храна или групи на храна, не смеете да ја игнорирате вашата загриженост. Бидејќи сами не сме во состојба да утврдиме кои прехранбени производи ни предизвикуваат непријатност, најдобро е да побараме стручна помош.
    Секој организам е уникатен и ние го знаеме тоа! Затоа по студијата за интолеранција на храна следи консултација со нутриционист. Нутриционистот ќе ви помогне да ја дознаете важноста на резултатите. Ако имате проблем со килограмите, ќе создаде индивидуален режим на исхрана.
    Ако немате потреба од контрола на тежината ќе ви помогне да ја балансирате потрошувачката на храна, па да сте секогаш во добра форма.

    ХРОНО ИСХРАНА

    БЕЗ ГОЛЕМА МАКА – СИМНЕТЕ ГО ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ!

    ПРОГРАМ ЗА ХРОНО ИСХРАНА – “Како да јадеш, а да слабееш”

    Програмот за хроно исхрана e базиран на основа на физиологијата, ендокринологијата, биохемијата и биофизиката, а е единствен во тоа што помага да се дојде до идеалната телесна тежина истовремено со постигнување на идеално здравје.

    Хроно исхрана е режим на исхрана според законите на природниот ритам на лачење на хормоните и ензимите во нашиот организам. Потребно е секој човек одредени видови намирници да ги користи во различен дел од денот кога нивната искористеност за создавање енергија е највисока, а за формирање отпаден материјал е најмала.

    Програмата за хроно исхрана овозможува за кратко време да ги научите принципите на здрава исхрана, правилен избор и комбинација на различните намирници и здраво да го изгубите вишокот на килограми.

    ШТО ВКЛУЧУВА ПРОГРАМОТ ЗА ХРОНО ИСХРАНА

    -Мерење на составот на телото на InBody анализатор (мерењето трае околу 50 секунди, се мери по долен веш, без накит. Трудници и лица со пејсмејкер на срцето не се мерат!)
    – Одредување на интолеранција на намирници на MORA апаратот користејќи биорезонантен метод (без вадење крв). Мерењето трае околу 30-40 минути.
    – Разговор со нутриционист и лекар-специјалист
    – Препишување на одредени суплементи врз основа на Вашите индивидуални резултати – Неопходни се одредени лабораториски анализи, кои можете да ги направите во нашата биохемиска лабораторија со што добивате посебни погодности во склоп на целиот програм.

    **На база на овие анализи добивате ваш личен нутриционистички план за исхрана.

    Особено е важно што секој човек може навреме да се насочи кон правилен начин на исхрана, а заболените од најчестите болести на денешницата за 10 до 30 дена да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

    Резултатите покажуваат 100% успех кај сите кои ќе се потрудат да ги научат основните правила на здрава исхрана.

    Нема ограничување на калориите и количеството на храна, туку програмот се основа на принципот на гликемиски индекс и кисело-базичен режим. Најважно е времето на внесот и комбинацијата на храната.

    И најдобро од сѐ е што резултатите од програмот за ХРОНО исхрана се трајни и никогаш не се јавува таканаречениот “јо-јо ефект” – враќање на веќе загубената телесна тежина, а здравствените пореметувања трајно се решаваат.

    Програмот за хроно исхрана, ексклузивно за прв пат во Македонија се спроведува во Центарот за внатрешни болести ,,Срце” во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија.