• ПЗУ Срце – најдобрите интернисти на едно место – Др. Горан Николов1

    ПЗУ Срце – најдобрите интернисти на едно место – Др. Горан Николов1

    Нашата визија е, преку основните вредности и начела на стручност, доверба и грижа, да бидеме верни чувари на вашето здравје. Со кампањата „најдобрите интернисти на едно место“ односно #srcecares4u ја исполнуваме нашата цел – со професионална посветеност, најсовремена опрема и врз основа на сите потребни испитувања, толкувани од страна на најдобрите интернисти, во најкраток можен рокда поставиме дијагноза, а на здравите им овозможиме превенција од болести.
    Запознајте го др. Горан Николов, специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог, основач и раководител на ПЗУ „Центарзавнатрешни болести Срце“, кој повеќе од 30 години неуморно ја споделува својата професионална стручност, доверба и грижа за секој човечки живот,и затоа е оправдано познат како „човекот со големо СРЦЕ“.

    Др. Николов ни порачува: “чувај го срцето и околината, вози точак” и „стори денес нешто за себе за коешто ќе си заблагодариш себеси во иднина.“ Дел од неговите омилени изреки се Хипократовите: „некои пациенти се излекуваат, само заради довербата кон лекарите“ и „животот е премногу краток, а медицината премногу исцрпна за да се совлада сета за еден животен век.“
    Покрај еминентната медицинска експертиза и постојаната професионална надоградба преку учество на сите национални кардиолошки конгреси, голем број меѓународни европски/светски конгреси и симпозиуми, др. Горан Николов е посветен сопруг и татко, а секое слободно време го користи за практикување на своите многубројни хобија, па така, често можете да го сретнете овој роден скопјанец на велосипед. Покрај велосипедизмот, др. Николов се занимава со планинарење, е страствен љубител на патувања, скијач, дискофил и помеѓу своите пријатели познат како доктор за рокенрол.

    Накратко, фраза која најдобро го опишува др. Горан Николов е англиската фраза: PassionateAboutMedicine. CompassionateAboutPeople. Повеќе за професионалниот развој на др. Николов можете да прочитате на следниот линк:Биографија