• Сандра Петковска: Фантастични приказни се дел од нашето секојдневие

    Сандра Петковска: Фантастични приказни се дел од нашето секојдневие

    Сандра Петковска е нутриционист и веќе две години работи во Центарот за внатрешни болести „Срце“, единствен со франшиза за примена на хроно исхраната во Македонија.
    И самата го практикува овој режим веќе две години и вели дека ужива во ефектите од самата исхрана.

    Според неа, проблем број еден со кој се соочуваат луѓето во секојдневието е тоа што скокаат оброци, јадат еднаш, но премногу, а сето тоа доведува до покачена телесна тежина и забавен метаболизам. Токму затоа, вели, ѝ се допаднала оваа филозофија на правилно земање оброци во одредено време.

    Вие сте нутриционист во Центарот за внатрешни болести „Срце“. Која е Вашата задача и кои се најчесто пациентите кои бараат нутриционистички совети?

    – Во нашиот центар доаѓаат секаков тип пациенти – од такви со прекумерна телесна тежина до пациенти со метаболни заболувања. Нашата задача пред сѐ, е да дадеме најдобар можен совет кој што ќе биде соодветен за секој поединец. Во склоп на испитувањата ние како нутриционисти го изработуваме тестот на интолеранција кој е многу важен дел од самиот режим, потоа пациентите имаат разговор со лекарите во однос на лабораторијата и општата здравствена состојба. Бидејќи моментално сме единствен центар каде што нутриционисти и лекари-специјалисти работат заедно, сметам дека имаме детален пристап со кој што луѓето ќе можат да бидат сигурни дека исхраната која што ќе им се препише е индивидуална и соодветна за нив. Исто така, сме во постојана комуникација со нашите пациенти и секојдневно сме дел од фантастични успешни приказни, а нема поголемо задоволство од тоа.

    Веројатно и самите ја практикувате Хроно исхраната, но кога за првпат се сретнавте со овој вид на исхрана?

    – Начинот на мешање на оброците и ацидо-базната рамнотежа е нешто кое што многу пати сме го спомнале во текот на студиите по нутриционизам, меѓутоа дека постои како тип на исхрана првпат дознав во Центарот за внатрешни болести „Срце“ . Навистина премногу ми се допадна целата филозофија на правилно земање оброци, бидејќи сметам дека тоа е број еден проблем со кој се соочуваат луѓето во секојдневието, скокаат оброци, јадат еднаш но премногу и тоа доведува до покачена телесна тежина а забавен метаболизам. Со Хроно почнав секако и јас, точно пред две години и уживам во ефектите на самата исхрана, веќе долго време не сум почувствувала некоја подуеност или недостатиг на енергија. Исто така, бидејќи активно спортувам долго време, најдов начин максимално да ја избалансирам исхраната со тренинзите.

    Дали покрај воведување Хроно исхрана е добро да се воведе и некоја физичка активност, и како Хроно исхраната може да се инкорпорира во еден спортски режим?

    – Во рестриктивниот период преферираме да не се претерува со многу интензивна физичка активност, го намалуваме внесот на прости шеќери со што би го натерале телото да ги троши сопствените масти. Препорачуваме лесна кардио вежба и 3 оброци во текот на денот. Во овој период се воздржуваме од слатки задоволства, но секако како што тежината се намалува постепено во исхраната се враќаат сите намирници кои претходно сме ги забраниле а со тоа се зголемува и физичката активност. Имаме искуство со голем број спортисти, и врз основа на типот на физичка активност се изработува различен план на исхрана со различен број оброци.

    Бидејќи оваа исхрана е поврзана со тајминзи и мешање на оброците, како би требало да се храни еден спортист кој мора да внесува и голем дел јагленохидрати и протеини и ужинки?

    – Доколку се работи за личност која активно се бави со спорт, распоредот на оброците мора да е на помал временски интервал и секако во зависност од тоа колку тренинзи има во денот. Во секој случај хроно исхраната одбегнува комбинации од типот на скроб со протеин бидејќи сами по себе се доста тешки за дигестирање и бараат сосема поинаква средина (алкална и кисела), а кога ќе се стават заедно во комбинација може да дојде до пад на енергијата, подуеност, и многу други симптоми кои што се последица од лоша дигестија. Одредени видови јаглехидрати во трајниот режим се мешаат со протеини, и повторно ќе кажам, сѐ со цел личноста – спортистот да го искористи својот полн капацитет и енергија. Ужините се секако многу потребни кога имаме интензивна физичка активност и сѐ е пресметано според времетраењето на физичката активност. Лично јас сум обожавател на аеробниот тип на физичка активност, редовно планинарам, возам точак и скијам во зимскиот период, а за ваков тип тренинг секако дека се потребни ужинки пред самиот тренинг.

    Во хроно исхраната е вклучено и консумирање месо, па нѐ интересира на кој начин вегетаријанците и оние кои постат можат да го практикуваат овој вид на исхрана?

    – Како и во нашата стандардна македонска кујна каде што се користи месо, така и во Хроно исхраната е дозволено месото, но секако не во прекумерни количини. Постот е исто така дел од нашите верски обичаи, па така го спроведуваме режимот со продукти само од растително потекло, но исто така доколку некоја личност е вегетаријанец и веган и начинот на исхрана е траен и мораме да се погрижиме дa се внесат сите есенцијални аминокиселини и масти, витамини и минерали за да не дојде до пореметување на некој од параметрите во лабораториските анализи. Многу луѓе што го практикуваат постот на своја рака без консултација со нутриционист често велат дека се прегладнети и посегнуваат по покалорична храна полна со јаглехидрати. Со Хроно исхраната тоа не е возможно токму поради доброто мешање на намирниците и точното време на земање на храната, па така од лично искуство постот го поминав со леснотија.

    Дали Хроно исхраната кај нив е исто така ефикасна и здрава и дали може да дојде до здраво губење на килограмите или до одржување на телесната тежина?

    – Како што напоменав, се прави план на комплексни оброци кои што ќе ги содржат сите есенцијални аминокиселини и есенцијални масти, секако тука е и самата суплементација од витамин Б12, фолна киселина итн. Протеините од месото се важни, па за време на постот треба да се консумираат повеќе протеини од растително потекло – од грав, грашок, соја, леќа. Meсото содржи многу органско железо кое телото доста добро го искористува, па во замена за месо треба да се јаде храна богата со овој минерал: пченични трици, спанаќ, семки од тиква, интегрални житарки, јаткасти плодови, најдобро сирови. Сокови од свеж зеленчук, како што се доматите и зелката, после појадокот го регулираат варењето на храната и му ги обезбедуваат на телото потребните витамини и минерали за време на постот. За ручек е препорачливо да се јаде зеленчук како што се моркови, тиквички, брокули, спанаќ, кељ, готвени во што помалку вода или на пареа. Доколку се работи за период на рестрикција ефектот на слабеење е сосема ист како кога внесуваме протеини од животинско потекло.

    Дали хроно исхраната дозволува да се јадат слатки?

    – Желбата за слатки според Хроно исхраната се остава до попладнето, и најдобро е да се посегне по нив помеѓу ручекот и вечерата. Веднаш после внесот на брзиот шеќер е добро да се почне со некоја физичка активност, прво за да се потроши тој шеќер, но секако и за повеќе енергија. Треба да се внесуваат брзи шеќери, кои се извор на брза енергија. На овој начин, вредните протеини нема да се изгубат, а телото ќе биде релаксирано.

    Во последно време често се зборува за интолеранција на храна, која е разликата помеѓу интолеранцијата на храна и алергиите?

    – Тестот на интолеранција на храна е еден голем дел од правилното спроведување на режимот. Ние како нутриционисти тој тест го правиме за да се детектираат сите оние намирници кои претставуваат проблем за телото да вари и да користи енергија на правилен начин. Интолеранцијата на храна и алергијата манифестираат исти или слични симптоми, но станува збор за сосема различни состојби. Метаболичката, т.е. вродената интолеранција, најчесто се јавува како резултат на недостиг или намалена активност на некој ензим, како последица на вродена грешка во генетскиот код на некој од ензимите, вклучени во сложени метаболички процеси.

    Интолеранцијата најчесто настанува како последица на стрес, инфекции, апликација на лекови кои се причина за оштетување на ѕидот на дебелото црево. Ова резултира со премин на недигестирана храна во крвотокот, која предизвикува продукција на специфични IgG антитела, формација на имуни комплекси кои на крај се манифестираат со појава на хронични воспалителни реакции.

    Најчести симптоми на интолеранција на храна се: хронична прекумерна тежина, хронични гастроинтестинални проблеми: проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност, главоболки, мигрена, болка во зглобови, кожни проблеми: атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија.
    Алергијата претставува абнормална, бурна реакција на организмот на некоја супстанција, која вообичаено е безопасна за голем број луѓе. Овие супстанции се нарекуваат алергени, а реакцијата која ја предизвикуваат се нарекува алергиска реакција. Внесувањето на антиген го оптоварува организмот, го стимулира да произведува антитела и ги стимулира клеточните имунолошки процеси, така што при повторно внесување на истиот антиген во организмот наместо заштитна реакција настанува тешка реакција во борба меѓу антигенот и хуморалниот и целуларниот имун систем. Алергијата најчесто се појавува од конзумирање храна и најчесто се манифестира со симптоми слични на симптомите на интолеранција на храна.

    Алергијата може да се манифестира на најразличен начин – од солзење и црвенило на очите, секреција од носот, отежнато дишење и кивање, осип по кожата, па сѐ до потешки и сериозни заболувања, кои се предизвикани од алергија – астма, хронични воспаленија на дишните патишта, кожни заболувања, нарушувања во варењето на храната и сл.

    Дали и зошто е препорачливо пациентите кои практикуваат Хроно исхрана да се следат под надзор на лекар и нутриционист?

    – Поради преплавеноста од информации, како и нивното погрешно толкување, пациентите можат да направат грешки и успехот на третманот да не биде погоден, дури и негативен со последици по здравјето. Со следење на лабораториските наоди може да се види дали има отстапување во крвната слика, шеќерот и маснотиите во крвта, функцијата на бубрезите, црниот дроб и тироидната жлезда. Исто така, со тестот на интолеранција се исклучуваат сите храни кои во моментот не му годат на телото, т.е. оние намирници кои во моментот телото не може да ги искористи правилно за создавање енергија. Потоа истите намирници постепено се враќаат во исхраната во консултација со нутриционист и доколку е потребно се повторува тестот на интолеранција.