• Подноктна капилароскопија

    Неинвазивен метод за проценка на абнормалности на ситните крвни садови на кожата преку испитување на капиларите под микроскоп.
    Капилароскопијата е најдобар начин за проценка на примарен од секундарен Raynaud феномен.
    Болеста на Raynaud или феноменот на Raynaud е изразено намален проток на крв под дејство на студ или емотивен стрес кои предизвикуваат вазоспазам или стегање на ситните крвни садови со намалување на циркулацијата на крв во реактивните места што води до побледување на прстите на рацете, стопалата или и на други места на телото.

    Повеќе
  • Биохемиска лабораторија

    Центар за внатрешни болести срце има сопствена биохемиска лабораторија. За една биохемиска лабораторија од ваков тип, најважна е сигурноста и точноста на издадените резултати.

    Повеќе
  • Нутриционизам

    БЕЗ ГОЛЕМА МАКА – СИМНЕТЕ ГО ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ!

    ПРОГРАМ ЗА ХРОНО ИСХРАНА – “Како да јадеш, а да слабееш”

    Програмот за хроно исхрана e базиран на основа на физиологијата, ендокринологијата, биохемијата и биофизиката, а е единствен во тоа што помага да се дојде до идеалната телесна тежина истовремено со постигнување на идеално здравје.

    Повеќе
  • Ревматолошки консултации

    Ревматологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина која се занимава со нехируршко лекување и третман на ревматолошките болести и состојби. Ревматолошките болести и состојби се карактеризираат со симптоми од страна на мускулноскелетниот систем. Многу од ревматолошките болести се карактеризираат со пореметувања во имуниот систем, па оттука и имуниот систем е предмет на интерес на ревматологијата.

    Повеќе
  • Кабинет за андропауза и машко здравје

    Мажите на возраст помеѓу 40-55 годишна возраст, можат да доживеат феномен сличен на женската менопауза, наречен андропауза, кој е за прв пат опишан во 40-тите години на минатиот век. За разлика од жените, кај мажите нема јасен знак како што е губиток на менструацијата, кој би го одбележал периодот на „транзиција“.

    Повеќе
  • Уролошки консултации

    Урологијата е хирурушка специјалност која се занимава со растројствата и болестите на машкиот генитоуринарен систем, иако само на одреден број на луѓе со уринарни проблеми им е потребена хируршка интервенција.

    Повеќе
  • Кабинет за тироидеа

    Во ценатрот за внaтрешни болести „СРЦЕ“ функционира и кабинет за детекција и третман на пореметувања на тироидната жлезда.Прегледот вклучува детален разговор( анамнеза), клинички преглед, ЕХО на тироидеата и лабораториски испитувања на функцијата на жлездата.

    Повеќе
  • ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ

    Цел на превентивните прегледи, како што и самото име кажува, е превенција, значи откривање на почетни, пред се незабележливи болести,кои болниот сеуште не ги приметува или пак не му предизвикуваат поголоми субјективни потешкотии.

    Повеќе
  • Ендокринолошки дијабетолошки консултации

    Ендокринологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина. Ендокринолозите дијагностицираат и третираат болести и пореметувања на функциите на жлездите со внатрешно лачење-ендокрините жлезди како што се дијабетес , пореметувања на тироидната жлезда,

    Повеќе
  • КАБИНЕТ ЗА ГАСТРОЕНТЕРОЛОГИЈА

    Гастроентерологија е гранка на медицината која се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот.

    Повеќе

Photostream