• Подноктна капилароскопија

    Неинвазивен метод за проценка на абнормалности на ситните крвни садови на кожата преку испитување на капиларите под микроскоп.
    Капилароскопијата е најдобар начин за проценка на примарен од секундарен Raynaud феномен.
    Болеста на Raynaud или феноменот на Raynaud е изразено намален проток на крв под дејство на студ или емотивен стрес кои предизвикуваат вазоспазам или стегање на ситните крвни садови со намалување на циркулацијата на крв во реактивните места што води до побледување на прстите на рацете, стопалата или и на други места на телото.

    Повеќе
  • Ревматолошки консултации

    Ревматологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина која се занимава со нехируршко лекување и третман на ревматолошките болести и состојби. Ревматолошките болести и состојби се карактеризираат со симптоми од страна на мускулноскелетниот систем. Многу од ревматолошките болести се карактеризираат со пореметувања во имуниот систем, па оттука и имуниот систем е предмет на интерес на ревматологијата.

    Повеќе

Photostream