• Кабинет за андропауза и машко здравје

    Кабинет за андропауза и машко здравје

    Мажите на возраст помеѓу 40-55 годишна возраст, можат да доживеат феномен сличен на женската менопауза, наречен андропауза, кој е за прв пат опишан во 40-тите години на минатиот век. За разлика од жените, кај мажите нема јасен знак како што е губиток на менструацијата, кој би го одбележал периодот на „транзиција“. Но, и кај обата пола заедничка карактеристика е намалување на нивото на половите хормони. Естрогенот кај жените, тестостеронот кај мажите. Телесните промени кај мажите се случуваат многу постепено и можат да бидат здружени со променливо расположение, однесување, замор, губиток на енергија, намален сексуален нагон и физичка сила. Покрај ова, падот на тестостеронот го зголемува ризикот за други болести-кардиоваскуларните и коскено-зглобните. Со оглед дека ова се случува во периодот од животот кога многу мажи си поставуваат прашања за нивната вредност, достигнувања и насоки во животот, често е тешко да се сфати дека промените не се поврзани само со надворешни фактори.