• Ендокринолошки дијабетолошки консултации

    Ендокринолошки дијабетолошки консултации

    Ендокринологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина. Ендокринолозите дијагностицираат и третираат болести и пореметувања на функциите на жлездите со внатрешно лачење-ендокрините жлезди како што се дијабетес , пореметувања на тироидната жлезда, растројства на метаболизмот на мастите, хипертензија, остеопороза, нарушена функција на надбубрежните жлезди, хипофизата, хормонални растројства кои предизвикуваат неплодност, снижен шеќер во крвта, пореметен раст и развој, низок крвен притисок и проблеми со телесната тежина.