• Гастроентерологија

    Гастроентерологија

    Гастроентерологија е гранка на медицината која се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. На болестите на системот за варење на храната отпаѓа голем дел од сите заболувања на популацијата. Начинот на исхрана, темпото на живот, стресните ситуации, работната и животната околина како и генетската сколоност, се важни фактори кои битно влијаат на настанувањето и развојот на гастроинтестиналните болести.