• Ревматолошки консултации

    Ревматолошки консултации

    Ревматологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина која се занимава со нехируршко лекување и третман на ревматолошките болести и состојби. Ревматолошките болести и состојби се карактеризираат со симптоми од страна на мускулноскелетниот систем. Многу од ревматолошките болести се карактеризираат со пореметувања во имуниот систем, па оттука и имуниот систем е предмет на интерес на ревматологијата.