МЕТАБОЛИЗМОТ И БРЗАТА ХРАНА ВИНОВНИЦИ ЗА ДЕБЕЛИНА ПОСЛЕ ТРИЕСЕТТАТА КАЈ ЖЕНИТЕ

Во четвртата деценија жените се жалат на вишок килограми, заради што потполно треба да се избегне прејадувањето, земањето на грицки, пецива, калорична и мрсна храна. Повеќето жени после триесеттата година имаат проблеми со зголемување 

на телесната тежина. Најчесто се жалат дека се што ќе изедат им се ‘’лепи’’, дека помалку јадат, а повеќе се дебелеат и дека имаат константно чувство на дуење на стомакот.
Во што е всушност проблемот? Објаснувањето на лекарите е дека метаболизмот кај жените со годините се забавува, а телото е склоно кон забрзано дебелеење. Станува збор за метаболно нарушување затоа што во четвртата деценија кај жените хормоните почнуваат поинаку да функционираат.

Само 25 % од жените имаат ‘’подесен’’ метаболизам, односно немаат склоност кон дебелеење, а со самото тоа имаат идеална телесна тежина. Сите останати имаат проблеми заради дебелеење и вишокот на килограми, додека некој пак и слабеат. Девојките главно јадат брза храна и имаат лоши навики во исхраната, па кога ќе ја поминат триесеттата веќе не можат да го запрат зголемувањето на килограми. На жените најтешко им паѓа трупањето на масти околу стомакот затоа што тешко се симнуваат. Во тој случај тие мора да бидат на посебен режим на исхрана, како и да се справат со нездравите навики како што е физичката неактивност. Вежбањето помага во одржувањето на добрата фигура на телото, но проблемот е во тоа што жените поради многубројните обврски немаат доволно време ни пари за да се занимаваат со тоа. Всушност неактивноста е една од причините за брзо дебелеење, затоа стручните лица за жените во триесеттите години советуваат: потребни се повеќе прошетки или било која друга физичка активност, но и помали порции на храна, затоа што на тој начин се спречува брзото дебелеење. Тоа е најдобриот начин во борбата со забавениот метаболизам.

Околу триесеттите години метаболизмот кај жените почнува да се забавува, телото полека се менува, полесно се добиваат килограми, а се потешко се губат. Тоа е воедно и вистинското време за промена во нутритивните навики и стилот на живеење за да се избегне постепеното трупање на килограми. Секако дека е важна консултација со нутриционист за да се пресметаат вистинските калориски и нутритивни потреби. Во таа прилика треба да се направи квалитетно мени за работната недела и деновите за викенд и да им се објасни што да јадат пред и после физичката активност. Треба да се биде искрен према себеси и да се променат навиките.

Постојат храни кои можат да направат сериозни метаболни и репродуктивни нарушувања. Жените денеска се одлучуваат да родат бебе во касните години од животот, па затоа е многу важно да останат здрави. Младите жени околу триесеттата година се фокусираат на кариерата, повеќе време поминуваат на работа, под стрес, помалку спијат. Сето тоа влијае на промените во метаболизмот, а посебно лошата исхрана, помалку движење и скратен сон. Докажано е дека недостатокот на сон ги ‘’зголемува ’’ килограмите.

– Земањето на препорачаните дневни количини на калциум зависи од возраста. Околу триесеттите треба да се зголеми внесот на калциум во исхраната, затоа што во таа возраст почнува да се намалува густината на коските. Најдобро е земањето на калциум преку храна, но понекогаш во консултација со лекарот треба да го земате во вид на суплементи. Потполно треба да се исфрли прејадувањето, конзумирањето на брзи храни, грицки, пецива од фурна, калорични и масни храни. Секојдневно треба да се внесуваат млечни производи, месо, јајца, зеленчук и овошје. Производите од белото брашно треба да се заменат со интегрално. Секоја грешка и опуштање брзо се воочуваат, а потребно е подолго време да се симнат вишокот на килограми.

Жените во четвртата деценија треба да заборават на брзите диети, гладувањето и земањето на одредени намирници. Секоја погрешна диета или исхрана дополнително го влошува метаболизмот. Затоа е потребно да се јаде малку повеќе незамастени протеини за да би се поттикнал метаболизмот да ги согори мастите. Жените вишокот на килограми не треба да го препишуваат на генетиката, затоа што не мора да изгледаат како своите мајки и баби туку е потребно да се исхрануваат поинаку. Покрај тоа важно е да се прават контроли на здравјето затоа што дебелината може да биде причина за различни болести.

Др. Горан Николов, специјалист интернист-супспецијалист кардиолог

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Search

+