СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ 2020:

КЛУЧНАТА УЛОГА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЗА ДИЈАБЕТЕСОТ

Денес, 14 ноември 2020 година, e светски ден на дијабетесот. Овогодинешната негова тема е: „Медицинските сестри и дијабетесот“, а кампањата WDD 2020: NURSES MAKE THE DIFFERENCE FOR DIABETES е насочена кон подигнување на свеста за клучната улога којашто ја имаат медицинските сестри при поддршката на луѓето кои живеат со дијабетес.

Со оглед на фактот дека бројката на луѓе заболени од дијабетес е во постојан пораст и тоа во целиот свет, улогата на медицинските сестри и останатите здравствени работници е навистина важна и круцијална за подобро справување со оваа состојба.

Запомнете дека и со практикување превентивна медицина допринесуваме за подобрување на своето здравје и за подигање на свеста за дијабетесот.

Search

+