Европско здружение на кардиолози: насоки за превенција на кардиолошки болести

24 Јан 2023 Uncategorized

Новите насоки на Европското кардиолошко здружение (European society of cardiology – ESC) за
превенција на атеросклеротски кардиоваскуларни болести издадени се во август 2021 година.
Потребите за нови насоки произлегуваат пред се од настојување да се помогне на
медицинските стручњаци да ја дефинираат и следат прогнозата на кардиоваскуларните
болести и користа од терапијата, како и потреба од дефинирање на нови терапии и
терапевтски цели.

Вовед
Најдобар начин на превенција на КВБ е да се спроведува здрав начин на живот, со секојдневна
телесна активност, престанок на пушењето и контрола во исхраната и телесната тежина.
Насоките носат препораки за превенција на атеросклеротксите кардиоваскуларни болести, при
што се земаат во обѕир индивидуалните карактеристики на самиот пациент, како резултат на
што се донесуваат заеднички одлуки во начинот на лекување од страна на пациентот и
медицинските професионалци. Појавноста на атеросклеротските кардиоваскуларни болести е
променета (намалена) во земјите на Европската Унија, но тие и понаму остануваат водечка
причина за заболувања и смртност во повеќето земји.
Минатите 20 години се идентифицирани водечките главни причини за кардиоваскуларен
ризик – LDL холестерол, кај народот познат како лош холестерол, зголемен крвен притисок,
шеќерната болест тип 2, пушењето и дебелината.
Најдобар начин во спречување на кардиоваскуларни заболувања е застапување на здрав
начин на живот со секојдневна физичка активност, престанок на пушењето и корекција на
телесната тежина и навиките во исхраната. Независно од достапноста и употребата на лекови
за корекција на поединечните фактори на ризик, нездравиот начин на живот и понатака е
високо застапен и атеросклеротските кардиоваскуларни фактори на ризик лошо се
контролираат дури и кај пациенти со висок кардиоваскуларен ризик.

Цели на насоките
Целта на насоките е да се помогне на здравствените работници од разни медицински струки
во подобра превенција (спречување) на атеросклеротските кардиоваскуларни болести на
индивидуално и глобално ниво. Со нагласок на заедничко донесување на одлуки на пациентот
и лекарот со индивидуален пристап кој вклучува возраст, пол, очекувано траење на живот на
пациентот, профил на факторите на ризик, етички и георгафски специфичности.
Многу важно место зазема проценката на резидуалниот ризик, кој преставува проценетиот
кардиоваскуларен ризик кој останува по промената на стилот и начинот на живот и по
медикаментозно лекување на кардиоваскуларниот ризик. Проценката на резидуалниот ризик
е најважна кај болните кои имаат веќе докажана некоја од атеросклеротските
кардиоваскуларни болести.

Проценка на кардиоваскуларниот ризик кај младите
За прв пат во проценка на кардиоваскуларниот ризик се вклучени млади и нормално здрави
луѓе кај кои проценката на животниот кардиоваскуларен ризик е заменета со 10 годишен
SCORE (the Systematic Coronary Risk Estimation). Алгоритам кој често проценувал низок 10
годишен кардиоваскуларен ризик и покрај присутните значајни високи вредности на некои од
факторите на ризик. Оваа проценка овозможува донесување на правилни одлуки за промена
на стилот на живеење и потреба за лекување на факторите на ризик.

Проценка на кардиоваскуларен ризик кај постари лица
Кај постарите возрасни групи се одредува ризикот од кардиоваскуларни болести SCORE према
прилагодени SCORE таблици во кои во предвид се земаат и некардиоваскуларни причини кои
се подеднакво важни како досегашните фактори на ризик под кои се подразбираат
вредностите на LDL холестеролот и крвниот притисок.

Промени во SCORE алгоритмите
Насоките од 2021 година донесоа промени во SCORE алгоритмите. Главна причина за
корекција на SCORE алгоритмите е фактот дека досегашниот SCORE алгоритам го проценуваше
10 годишниот ризик од кардиоваскуларна смрт. Наспроти ова, се покажало дека
кардиоваскуларниот морбидитет (не-фатален инфаркт на миокардот, не-фатален мозочен
удар) во комбинација со кардиоваскуларниот морталитет, подобро го одразува вкупниот
ризик од атеросклеротска кардиоваскуларна болест. Во овие насоки SCORE 2 алгоритмот го
проценува индивидуалниот 10-годишен ризик за настанување на големи кардиоваскуларни
збиднувања и смрт кај здрави луѓе на возраст од 40 до 69 години кои имаат кардиоваскуларен
ризик, а кои не се лекувани или пак се стабилни во последните неколку години. SCORE-2-OP ги
вклучува повозрасните старосни групи, пациенти со полни и над 70 години. Во зависност од
проценката, бројот на заболените со SCORE 2 и со SCORE-2-OP, државите на светот се поделени
во 4 групи: земји со низок, средно висок, висок и многу висок ризик за атеросклеротски
кардиоваскуларни болести. Нашата земја спаѓа во групата на земји со висок ризик на
атеросклеротски кардиоваскуларни болести.

Индивидуален пристап во проценка на кардиоваскуларниот ризик
Во новите насоки на Европското здружение на кардиолози се потенцира на личен пристап кој
ги опфаќа проценките на кардиоваскуларен ризик, како и степенест пристап на лекување кои
се темели на активна соработка на пациентот и лекарот. Се согледува профилот на пациентот и
неговото претпочитување во изборот и начинот на лекување.

Други причинители на ризик
Со главните причинители на кардиоваскуларниот ризик, препознаени се и останатите
причинители на ризик/болести кои со себе носат зголемен морбититет и морталитет од
атеросклеротски кардиоваскуларни болести. Стресот и психосоцијалните околности,
изложеноста на штетно влијание на околината, пореметувања во сонот, во кој спаѓа и

синдромот на опстуктивна апнеја, потребата за рано препознавање на фамилијарна
хиперхолестеролемија, хронично бубрежно засегање. Сите овие се состојби и заболувања чија
присутност доведува до зголемен ризик од атеросклеротски кардиоваскуларни болести.

Заклучок
Рано препознавање на причинители на ризикот, класификација на ризикот и индивидуалниот
пристап на пациентите како долготраен бенефит, имаат подобри резултати во превенција од
кардиваскуларните болести. Придржување кон редовно земање на лекови, спроведување на
општи мерки кај болните во примарна превенција на кардиоваскуларните болести изнесува
околу 50%, а во секундарната превенција околу 66%. Според тоа, и тие се точки за нивно
понатамошно подобрување и интервенција. Лекувањето и постигнувањето на целните
вредности за поединечни причинители на ризик имаат клучно место во подоцнежната
прогноза на кардиоваскуларните болести.

Литература:
1. European Heart Journal, Volume 42, Issue 34, 7 Sept 2021
2. European Heart Journal 2020, ESC Guidelines for the management of dyslipidemias.
3. Cochrane DatabaseSyst Rev 2011, Multiple risk factor intervention for primary prevention on CAD.
4. BMJ 2014, Effect of screening and lifestyle counselling on incidence of ischemic hearT disease in
general population.

Превел и прилагодил:
д-р Горан Николов, спец. интернист-кардиолог

Search

+