УСПЕШНА ПРИКАЗНА: КАКО 52-ГОДИШЕН МАЖ УСПЕШНО ЈА НАМАЛИ ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И СЕ СПРАВИ СО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДЕБЕЛИНАТА

Н.А., 52 години, со прекумерна телесна тежина се обрати во „Срце – центар за внатрешни болести“ за помош во остварување на желбата за намалување на тежината како и справување со одредени пореметувања кои настанале како последица на дебелината.

По извршените прегледи и тестирања во одделот на диетика и диетотерапија беше утврдено дека станува збор за човек со прекумерна телесна тежина од 112 килограми, централен тип на дебелина и индекс на телесна маса 37.

Uspeshna prikazna za namaluvanje na tezinata. Nutricionistichki plan na ishrana

ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОРЕМЕТУВАЊА

Пациентот Н.А. свесен за својата прекумерна телесна тежина, со текот на годините забележал и други здравствени пораметувања како прекини на дишењето во текот на ноќта или опстуктивна ноќна апнеа, враќање на киселина од желудникот во хранопроводот и печење позади градната коска, а во последните 6 месеци и покачен крвен притисок пропратен со главоболка, замор и зголемен пулс.

„Во триесетите години почнав да се дебелеам. Тоа беше резултат на нездравата и неправилна исхрана, односно често конзумирање на храна богата со шеќери, како и зачестеното јадење во доцните часови. Во тоа време сметав дека нема потреба да преземам никакви чекори за намалување на тежината, но откако почнаа да се појавуваат и други здравствени пореметувања како покачен крвен притисок, чести главоболки, киселини и будење од сон поради прекини во дишењето решив да се обратам во центарот за внатрешни болести, Срце за помош“  – Н.А.

По дефинирање на симтомите, врз пациентот беше извршен интегриран пристап за одредување на индивидуална нутриционистичка програма со додадена сумплементација и лекови со кои ќе помогнеме да се намали телесната тежина, како и за лекување на настанатите здравствени состојби.

РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ПОСТИГНУВАЊЕ ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ

Врз пациентот беа направени неколку тестирања и анализи кои опфаќаат:

  • Нутриционистички преглед
  • Проценка на метаболен статус
  • Одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор
  • Тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници по бескрвен пат
  • Консултации со нутриционист и лекар специјалист

Овие анализи беа спроведени со цел да се одреди соодветен режим на исхрана за пациентот, план за физичка активност, како и соодветна терапија. Освен диета, кај пациентот имаше потреба и од терапија со вклучен антихипертензивен лек.

„Големо олеснување беше кога сфатив дека со соодветна терапија, диета и физичка активност можам да го подобрам моето здравје, како и да ја намалам телесната тежина. Диетата беше лесна за следење и ми го задоволуваше апетитот. Промената почнав да ја чувствувам веднаш, можеби не во килограмите, но во моето расположение и задоволство од самиот себе. Најтешко беше да се натерам да вежбам, но по некое време, особено по првите резултати на контролниот преглед, бев мотивиран повеќе од било кога.“

РЕЗУЛТАТИ

По спроведување на хигиено-диететските мерки, како и зголемената физичка активност и соодветната терапија, пациенот Н.А. успеа да ја намали телесната тежина за 15 кг. за период од 2 месеци, и исто така повеќе не се жали на прекини во дишењето во текот на ноќта, ниту пак на враќање на желудечна киселина во хранопроводот. На последниот контролен преглед, на пациентот му беа измерени нормални вредности на крвниот притисок со преполовена доза на антихипертензивна терапија.

Секој ден се трудам да бидам подобар од претходниот, а тоа значи да се држам до режимот на исхрана и да продолжам со физичката активност со цел да ја одржам намалената телесна тежина, па дури и дополнително да ослабнам. Се надевам дека ќе бидам инспирација за сите оние кои сакаат да ја намалат прекумерната тежина, како и да го подобрат своето здравје.“ – Н.А.

По постигнувањето на овие резултати, пациентот повремено го посетува одделот за диетика и диетотерапија за спроведување на контролни прегледи за зголемување на прогресот во намалување на тежината и одржување на оптималното здравје.

БОРБАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА: ПОМОШ И ПОДДРШКА ОД СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Ако се соочувате со прекумерна телесна тежина, како и пореметувања на здравјето предизвикани од дебелината побарајте помош во Срце – Центар за внатрешни болести. Нутриционистите и докторите специјалисти во нашиот центар ќе ве поддржат во вашата борба и ќе ви помогнат да остварите позитивни резулати.

Контактирајте нѐ и закажете нутриционистичи преглед како прв чекор до вашата посакувана тежина и постигнување на оптимално здравје.

Search

+