НУТРИГЕНЕТИКА: ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ИСХРАНА БАЗИРАНА НА ВАШАТА ДНК ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Во животот правиме низа на избори. Голем дел од овие избори стануваат наши навики, па затоа треба особено да внимаваме на навиките кои се поврзани со нашето здравје. Здравите навики, меѓу кои спаѓа и здравиот начин на исхрана, може да помогнат во превенција на околу 80% од хроничните болести. Исто така, делови од храната можат да предизвикаат развој на различни заболувања.

Во последно време често слушаме за поврзаноста помеѓу стилот на живеење, исхраната и гените. Многу истржувања се фокусираат на делувањето на состојките на исхраната врз влијанието на генот. Едно од најновите откритија, во областа на нутриционизмот и здравјето, кое привлече значително внимание е нутригенетиката. Овој концепт ја истражува сложената врска помеѓу нашите гени и одговорот на организмот на специфичен режим на исхрана, што на крајот го обликува нашето здравје.

Во овој блог, ќе се посветиме на фасцинантниот свет на нутригенетиката за да ја истражиме нејзината важност и потенцијалните придобивки што ги нуди за креирање персонализирана исхрана и превенција на болести.

Nutrigenetika: Personalizirana Ishrana za slabeenje I prevencija od bolesti

ШТО Е НУТРИГЕНЕТИКА?

Одговорите на прашањата колку е силен нашиот имунитет, дали имаме предиспозиции за дебелеење, како и колкава ни е предиспозицијата за сериозни заболувања, се наоѓаат во нашите гени кои сме ги наследиле од родителите.

Нутригенетиката подразбира единствен и индивидуален концепт на исхрана и физичка активност според резултатите од испититувањата на нашата ДНК. Добиениот резултат од овие испитувања ни користи за креирање на режим на исхрана кој ќе влијае во подобрување на нашата здравствена состојба.

Кога постои мутација на некои од гените одговорни за метаболизмот, тогаш организмот послабо реагира на одреден режим на исхрана или физичка активност. Ова е одговор на прашањето зошто некој може полесно да ја оствари саканата телесна тежина, а некој многу потешко, без разлика дали станува збор за намалување или зголемување на килограмите. Нутригенетиката ни помага да идентификуваме како најдобро да напредуваме на нашето патување кон постигнување на посакуваната тежина и индивидуално оптимално здравје. Со следење на овој генетски насочен режим на исхрана, може да се постигнат индивидуални и специфични резултати.

КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ НА НУТРИГЕНЕТСКОТО ИСПИТУВАЊЕ?

Главната цел на нутригенетиката е дефинирање на личниот генетски профил и рано откривање на ризикот од развој на болести за постигнување на концепт на индивидуална исхрана, односно соодветни препораки на храна и додатоци во исхрана.

Генетскиот профил се проценува со помош на генетски тестирања кои се спорведуваат при раѓање и во текот на животот. Новите истражувања покажуваат дека советот кој е насочен према одредена личност, според нејзините индивидуални параметри, како и промени во животниот стил, се многу поефикасни од општите совети и диети. При составување на единствен и уникатен режим на исхрана, како и план за соодветни спортски активности, се земаат во предвид индивидуалните карактеристики на една личност како, возраст, пол, животен стил, фенотип и генотип.

ШТО СЕ ОТКРИВА СО ГЕНЕТСКИТЕ АНАЛИЗИ?

Со генетските анализи може да се открие:

  • Дали телото добро ги преработува шеќерите и мастите
  • Која физичка активност и кој спорт е најсоодветен за пациентот
  • Дали сте склони кон дебелеење поради внес на шеќери или поради внес на масти
  • Дали имате зголемен ризик за кардиоваскуларни болести како, инфаркт на миокардот, мозочен удар и тн.
  • Дали имате ризик за дијабетес, инсулинска резистенција или полицистични јајчници
  • Дали постојат заболувања во системот за варење

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА НУТРИГЕНЕТИКАТА И КАКО СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕТО?

Нутригенетиката е наменета за секого, бидејќи колку повеќе информации имаме за себе и за нашата генетска подложност, толку полесно можеме да го адаптираме нашиот животен стил и исхрана за превенција и полесно справување со болести.

Земањето на ДНК примерок е брзо и безболно. Примерокот се зема со брис од усната празнина, а резултатот се добива за неколку недели.

СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ: ИЗРАБОТКА НА ПЛАН ЗА ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ИСХРАНА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ

Нутригенетикатата е водечка метода во разјаснувањето на позадината помеѓу различните видови на храна и како тие влијаат на нашиот организам. Оваа метода има значително влијание во превенција и лекување на болести поврзани со исхрана, а во иднина се очекува да биде една од најприменуваните за креирање на персонализирана исхрана.

Срце – центар за внатрешни болести секогаш се стреми да ги следи најновите трендови во областа на нутрицијата и здравјето. Со примена на нутригенетиката како најнова услуга во центарот, го подобруваме концептот на персонализирана исхрана со цел да допринесеме за оптимално здравје на нашите пациенти и намалување на ризикот од заболувања од разни болести. Советувајте се со нашите реномирани лекари и нутриционисти и закажете нутриционистички преглед.

Search

+