4 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА НАПРАВИТЕ НУТРИГЕНЕТСКО ИСПИТУВАЊЕ

Луѓето се 99,9% генетски идентични, додека варијацијата во останатите 0,1% е одговорна за постоењето на фенотипски разлики како боја на коса, боја на кожа, тежина, ризик од заболување од одредени хронични болести.

Исхраната е клучен фактор во развојот на хронични болести како кардиоваскуларни заболувања, дебелина, дијабетес, заболувања на гастроинтестиналните органи, како и некои видови на рак. Од овие причини нутригенетиката станува сè поважна алатки за превенција и третман.

Нутригенетиката го проучува одговорот на секој поединец на одредена исхрана, која главно зависи од неговата индивидуална генетска варијација. Откривањето на интеракцијата помеѓу исхраната и гените дава можност за изработка на персонализиранa препорак за исхрана. Целта на овие персонализирани препораки е да се спречи настанување на разни болести, да се пронајде најдобар третман и да се подобри квалитетот на животот.

Ако се мислите дали да направите нутригенетско тестирање, прочитајте ги овие 4 причини за да донесете полесна одлука.

Нутригенетиката во превенција од разни болести

НУТРИГЕНЕТСКОТО ТЕСТИРАЊЕ СЕ ПРАВИ ЕДНАШ ВО ЖИВОТ

Нутригенетското тестирање може да го направите еднаш во животот, а резултатите од ова тестирање се доволни за да се изготви персонализиран план од страна на нутриционист кои ќе содржи оптимални препораки за вас.

Тестирањето се врши од страна на професионални нутриционисти кои имаат докажана експертиза да го водат пациентот низ процесот и да креираат план на исхрана според индивидуалните особености на пациентот, односно според неговиот фенотип.

СЕ ДОБИВА ДЕТАЛЕН РЕЖИМ НА ИСХРАНА ВРЗ ОСНОВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ВАШАТА ДНК

Најголемиот број на диети се креирани за големи групи на луѓе. Персонализацијата на овие диети се заснова само на животниот стил, индивидуалните цели и веќе откриените здравствени проблеми.

За разлика од овие диети, режимот на исхрана базиран на вашите гени нуди многу повеќе, односно комбинацијата на вашата ДНК анализа и нутриционистичките познавања овозможува креирање на план специфичен за пациентот. Овие анализи ги разоткриваат интолеранцијата на одредени храни, како и метаболните тенденции кои инаку би останале скриени со обичните диети.

НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАЗНИ БОЛЕСТИ

Ако ги разбереме нашите гентски предиспозиции можеме да креираме насочени диететски избори со кои би го намалиле ризикот од одредени болести. Генетските мутации може да го направат еден човек поподложен на одредени метаболни состојби како што се кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот или одредени видови на рак. Со познавање на нашите генетски мутации можеме да преземеме превентивни мерки, како што се избегнување на одредeн вид храна или зголемување на внесот на одредени хранливи состојки, со кои ќе се ублажи влијанието на генетската мутација.

Со преземање проактивен пристап кон здравјето преку персонализирана исхрана, луѓето можат да ја намалат веројатноста за развој на хронични состојби и да го подобрат севкупниот квалитет на живот.

ТЕСТИРАЊЕТО Е ЕДНОСТАВНО

Земањето на ДНК примерок е брзо и безболно. Примерокот се зема со брис од усната празнина, а резултатот се добива за неколку недели.

НАПРАВЕТЕ НУТРИГЕНЕТСКО ИСПИТУВАЊЕ ВО СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Нутригенетиката се смета за еден од најдобрите современи методи за превенција од разни болести, намалување на телесната тежина и постигнување на севкупно оптимално здравје. Тестирањето е едноставно и се прави еднаш во животот. Врз база на добиените резултати од вашата ДНК анализа нутриционистите и реномираните доктори во центарот за внатрешни болести „Срце“ изготвуваат режим на исхрана кој е индивидуален за секој пациент. Контактирајте нè за повеќе информации и консултации и закажете нутригенетско тестирање.

Search

+