ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНУВА ШЕЌЕР ВО ИСХРАНАТА НА МАЛИТЕ ДЕЦА?

Иако повременото јадење слатки може да не биде причина за нарушување на здравјето кај децата, важно е да се создадат здрави навики во исхраната уште од најмали години.

Зголемениот внес на шеќери кај децата го зголемува ризикот од настанување на дебелина и други хронични болести како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, па дури и некои видови на рак во подоцнежните години. Во 2021 година биле детектирани повеќе од 41.600 нови случаи на дијабетес тип 2 кај деца и адолесценти, што често е резултат на неправилна и небалансирана исхрана и намалена физичка активност.

Од овие причини, особено е важно што порано да се создадат здрави навики во исхранта, како би можеле вашите деца во иднина да прераснат во здрави тинејџери и возрасни.

sheker vo ishranata na mailite deca

ДАЛИ Е ПРИРОДНО ДЕЦАТА ДА САКААТ ШЕЌЕР?

Многу студии покажуваат дека децата имаат потреба од внес на шеќери најмногу во периодот на растење кога им е потребна поголема енергија и поголем внес на калории. Сепак, зголемената желба за јадење слатки доаѓа од како тие ги перцепираат.

Многу често родителите им даваат слатки на децата како награда за добро однесување или пак ги карактеризираат како „лоша“ храна, забранета за јадење, што ги прави уште поинтересни за љубопитните деца.

КОЛКУ ШЕЌЕР ДНЕВНО МОЖЕ ДА КОНЗУМИРААТ ДЕЦАТА?

Слатките не треба да се забрануваат, но мора да се лимитираат. Препорачаната количина на внес на шеќер е помалку од 25 грама или 6 малечки лажички на ден за деца помеѓу 2 и 18 години. Ова значи дека децата не треба да конзумираат повеќе од една лименка безалкохолен пијалок неделно.

Конзумирањето на засладени пијалоци во детството се предиктор за настанување на дебелина до 6 годишна возраст. Затоа е важно да создадете навика кај вашите деца да уживаат во пиењето вода, наместо други засладени пијалоци.

ШТО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЗГОЛЕМЕНИОТ ВНЕС НА ШЕЌЕР КАЈ ДЕЦАТА?

И покрај препраките за максималната количина на шеќер која може да ја внесуваат во текот на еден ден, децата внесуваат три пати повеќе од препорачаното, односно 16% од внесените калории во денот доаѓаат од додадени шеќери во исхраната.

Зголемениот внес на шеќер во исхраната во раните години може да предизвика дебелина, висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Сите овие состојби може да бидат причина за зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања кај младите.

Други нарушувања на здравјето кои се поврзани со зголеменото конзумирање на шеќер кај децата, особено додаден шеќер се:

  • Кариес и болест на непцата, кои понатаму во животот може да доведат до срцеви заболувања.
  • Хиперактивност
  • Ризик од карцином
  • Намален имунитет
  • Алергии
  • Рефлуксна болест

ЗОШТО Е ВАЖНА БАЛАНСИРАНА ИСХРАНА?

Фокусот на бенефитите од храна богата со нутриенти, наместо негативните последици од конзумирањето на премногу шеќер, може да му помогне на вашето дете да развие позитивна перцепција према здравата исхрана.

Децата имаат потреба од храна богата со нутриенти додека растат и се развиваат за да бидат силни и здрави. Здравата исхрана му помага на вашето дете за:

  • Постојана и стабилна енергија
  • Силни и здрави коски и заби
  • Подобрено ментално здравје
  • Одржување на здрава телесна тежина
  • Превенција од хронични болести

НАМАЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ ВО ИСХРАНАТА СО ПОМОШ НА НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПЛАН ВО СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Здравите навики на вашето дете се создаваат уште од најрана возраст, па затоа е важно да внимавате тоа да има постојана здрава исхрана. Во центарот за внатрешни болести „Срце“ се грижиме и за најмалите, па нашите нутриционисти може да ви помогнат во креирање на план за исхрана кој ќе одговара на нивната возраст и ќе ги содржи сите нутриенти потребни за здрав и непречен раст и развој. Контактирате нѐ за повеќе информации и консултации.

Search

+