ЗОШТО Е ВАЖНО ДА НАПРАВИТЕ АНАЛИЗА НА СОСТАВОТ НА ТЕЛОТО

Составот на телото ни кажува од што е направено нашето тело, односно процентот на вода, телесни масти вклучително и висцерални маснотии, мускулна маса и коскена маса. Постојат многу причини зошто мерењето на составот на телото е важно, а една од нив е да го провериме нивото на масти во телото. Во светот 1 од 3 луѓе има зголемено ниво на масти, со што и зголемена телесна тежина, а 1 од 11 се соочува со екстремна гојазност.

Мерењето на составот на телото ни дозволува да го подобриме нашето здравје, физичка спремност и квалитет на живот. Откривањето на составот на нашето тело, за разлика од обичното мерење на телесна тежина, ни овозможува да креираме соодветни планови со кои ќе успееме да ги постигнеме нашите цели поврзани со целокупно здравје.

Sostav na telo

ШТО ЗНАЧИ СОСТАВ НА ТЕЛОТО? 

Резултатите добиени од мерење на составот на телото ни ја покажуваат пропорцијата помеѓу количината на телесни масти и количината на маса која не е составeна од масти.

Телесни масти. Телесните масти се наоѓаат под кожата или околу органите. Иако постојат потребни масти кои се неопходни за создавање енергија, заштита на органите и регулирање на одредени хормони, многу луѓе имаат вишок на непотребни масти. Овие масти може да предизвикаат здравствени нарушувања како што се, гојазност, дијабетес, зголемен умор и кардиоваскуларни болести.

Маса која не вклучува масти (чиста маса). Оваа маса се однесува на нашите коски, мускули, органи, ткива и вода. Тие се метаболички активни, што значи дека согоруваат калории за енергија, додека телесните масти не се.

При мерење на составот на телото се опфаќаат овие две категории, со што добиваме јасна слика за промените во маснотиите, мускулната маса и процентот на телесните масти. Ова ни помага да го дознаеме нашето ниво на здравје и што треба да подобриме.

ИНДЕКС НА ТЕЛЕСНА МАСА (BMI) НАСПРОТИ СОСТАВ НА ТЕЛО

Често кога сакаме да ја намалиме телесната тежина започнуваме со пресметување на индексот на телесна маса. Сепак, BMI не е најдобриот начин за прецизно следење на вашето здравје. Овој индекс не може да измери колку вишок масти имаме наспроти коски и мускули, и понекогаш кај атлетски градени особи дава „лажно висок резултат“.

Мерењето на составот на телото, од друга страна, е многу поефективен начин да се анализира составот на телото, вклучувајќи го процентот на телесните масти, абдоминална циркумференца, процентот на вода и чистата телесна маса.

ЗОШТО Е ВАЖЕН СОСТАВОТ НА ТЕЛОТО?

Постојат неколку причини зошто е важно да го знаеме составот на нашето тело. Некои од нив се:

  • Развој на физичка спремност и евалуација помеѓу избалансираност на екстремитетите
  • Губење на вишок килограми
  • Превенција од метаболни нарушувања и кардиоваскуларни заболувања
  • Прецизна проценка на вашето здравје
  • Постигнување на оптимално здравје
  • Создавање релеванти планови за физичка активност и исхрана

КАКО СЕ МЕРИ СОСТАВОТ НА ТЕЛОТО?

Во центарот за внатрешни болести „Срце“ составот на телото го мериме со помош на Inbody 720 анализатор. Ова е софистициран апарат одобрен од FDA (Food and Drug Administration) со кој се врши сегментна анализа на составот на човечкото тело. Со него се одредува:

  • Количество, распределба и процент на мастите во телото
  • VFA (Visceral Fat Area) – индекс на застапеност на висцералните масти (масти во внатрешните органи)
  • Waist Hip Ratio (WHR) – однос половина – колк т.е. дали има таложење на мастите во предел на стомакот што е значаен фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни болести
  • Развиеност, сила и тежина на мускулната маса и нејзина распределба
  • Вкупната и клеточна течност како и евентуално присуство на отоци
  • Минерален состав на коскеното ткиво (можно е откривање на остеопенија или остеопороза)
  • Ниво на базален метаболизам
  • Симетричност на телесната градба
  • Здравствен ризик
  • Одредување на fitness score (кое е нивото на физичка спремност)

 

ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И НАПРАВЕТЕ ГИ ПОТРЕБИТЕ АНАЛИЗИ ВО СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Без разлика дали сте спортисти, фитнес инструктори или само некој кој се грижи за своето здравје, Срце – Центар за внатрешни болести е тука ви помогне во постигнување на вашите посакувани цели. Со повеќе од 22 години успешна работа, се трудиме секогаш да обезбедуваме најквалитетна услуга со помош на најдобрите и технолошки модерни апаратури за постигнување на ваше оптимално здравје.

Консултирајте се со нашиот тим на експерти од областа на диетика и диетотерапија, како и нашите реномирани лекари за креирање на план на исхрана и физичка активност поред вашиот состав на тело. Контактирајте нè за повеќе информации.

Search

+