КОИ СЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ

Создавањето на рутина за вежбање и подобрувањето на физичката спремност може да има многу придобивки за вашето здравје. Физичката активност помага во подобрување на менталното здравје, го подобрува сонот, ја намалува можноста за појава на кардиоваскуларни заболувања и други хронични заболувања. Едно истражување покажало дека редовната физичка активност го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2 за 40%.

Во зависност од вашата моментална спремност и желба, физичката активност не мора да биде одење во теретана или вежби кои бараат многу сила. Редовното пешачење, џогирање или кратки качувања на планина може да придонесат многу за вашето целокупно здравје. Продолжете со читање за да откриете дел од овие придобивки.

benefiti od fizicka aktivnost

ГО ПОДОБРУВА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Вежбањето го покачува ендрофинот со што се подобрува расположението и се намалува нивото на анксиозност и депресија. Редовната физичка активност може да влијае при справување со хронична депресија бидејќи го покачува нивото на сератонин, невротансмитер кој помага во регулирање на расположението, сонот и апетитот.

ГИ ЗАЈАКНУВА МУСКУЛИТЕ И КОСКИТЕ

Како што старееме, густината на коските се намалува, мускулната маса се намалува и заменува со масно ткиво, а ризикот од паѓање се зголемува. Редовното вежбање ја намалува веројатноста да се соочите со овие проблеми. Физички активните луѓе побавно ја губат густината на коските поради помалиот губиток на мускулна маса со што се намалува ризикот од повреда на колковите, особено во подоцнежните години.

Правењето аеробни вежби како пешачење, трчање, возење велосипед или пливање овозможува одржување на активноста на зглобовите и градење на мускулна маса која помага за одржување на рамнотежа и стисок на рацете,  а со тоа и намалување на падови и проблеми со артритис.

ГО ПОДОБРУВА СОНОТ

Редовната физичка активност, особено наутро на отворено. може да придонесе за регулирање на сонот. Утринскиот тренинг на сонце помага да се регулира циркардијалниот ритам кој природно не припрема за спиење. Самата физичка активност помага за побрзо заспивање, помирен сон и воспоставување на стабилна ноќна рутина. Избегнувајте да вежбате еден час пред спиење, бидејќи тоа може транзиторно да го зголеми нивото на кортизол кој би го одложил природниот процес на заспивање.

ГО ЗГОЛЕМУВА ЖИВОТНИОТ ВЕК

Многу истражување потврдуваат дека физички активните луѓе имаат зголем животен век, а во едно од овие истражувања се наведува дека луѓето кои се физички активни барем 150 минути неделно имаат 33% помал ризик од смртност од било која причина од оние кои се физички неактивни. Зголемениот животен век се должи на сите придобивки кои луѓето ги имаат од вежбањето.

ЈА НАМАЛУВА МОЖНОСТА ЗА ПОЈАВА БОЛЕСТИ

Редовната физичка активност е една од најдобрите алатки за превенција од хронични болести како што се:

  • Кардиоваскуларни болести
  • Мозочен удар
  • Дијабетес тип 2
  • Разни видови на рак
  • Артритис
  • Метаболен синдром
  • Депресија, анксиозност, итн.

Физичката активност ја намалува можноста за појава на кардиоваскуларни заболувања така што влијае во зголемување на HDL холестеролот кој е одговорен за превенција од срцеви заболувања и воедно намалување на триглицеридите.

Исто така физичката активност помага во спречување на развој на дијабетес тип 2 и метаболен синдром како зголемен крвен притисок, зголемени масти во пределот на стомакот и абнормален холестерол. Честопати, најголемата причина за дијабетес тип 2 и метаболен синдром е намалена физичка активност и неправилна исхрана.

ЗАКАЖЕТЕ НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД ВО СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ ЗА ДОБИВАЊЕ ИНДИВИДУАЛЕН РЕЖИМ НА ИСХРАНА И ПЛАН НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Вежбањето е клучена алатка за постигнување оптимално здравје. Многу болести се поврзани со недоволна физичка активност како и неправилна исхрана. Во Срце – центар за внатешни болести се фокусираме на индивидуалните потреби на секој пациент. Реномираните нутриционисти и специјалисти од одделот за диететика и диетотерапија, ќе се погрижат за изработка на режим на исхрана и план на физичка активност кој одговара на вашите потреби.

Контактирајте нѐ за да закажете преглед.

Search

+