УСПЕШНА ПРИКАЗНА: МЛАДИОТ Ј.Г. УСПЕА ДА ЈА НАМАЛИ ТЕЖИНАТА ЗА 42 КИЛОГРАМИ СО ПОМОШ НА СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Во последно време се повеќе гледаме млади луѓе кои се борат со прекумерна тежина. Еден таков случај бееше и нашиот пациент Ј.Г. Тој веќе долго време се бори со вишокот килограми, а кога дојде во центарот за внатрешни болести „Срце“ му беа измерени 127 килограми и индекс на телесна маса 42.

По мерењето на составот на телото беше заклучено дека кај пациентот беше диагностициран голем процент на телесни масти масти кој доколку не се намали може да предизвика нарушување на здравјето со текот на годините.

Uspeshna prikazna za namaluvanje na tezinata. Nutricionistichki plan na ishrana

ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОРЕМЕТУВАЊА

По долго прифаќање на својата телесна тежина, пациентот Ј.Г. решил дека е време да направи промени во својот живот. Иако дебелината, освен опструктивна ноќна апнеа, не му предизвикувала други сериозни здравствени проблеми, бидејќи е доста млад, намалената кондиција, честиот замор, неможноста да ги извршува сите активности кои ги сака, како и физичкиот изглед му биле доволна мотивација за да се обрати во центарот.

Пред одприлика 9 месеци, си седам дома и разумот одвнатре ми рече: многу си дебел… Тогаш одлучив дека ќе го променам тоа, но бев свесен дека нема да биде лесно. Слушнав дека во Скопје се наоѓа ординација „Срце“ па решив да отидам и да си го променам животот.” – Ј.Г.

РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ПОСТИГНУВАЊЕ ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ

Врз пациентот беше извршени детални анализи и интегриран пристап кој опфаќа:

  • Нутриционистички преглед
  • Проценка на метаболен статус
  • Одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор
  • Тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници по бескрвен пат
  • Консултации со нутриционист и лекар специјалист

Овие анализи им дадоа јасна слика на нутриционистите и лекарите специјалисти за состојбата на пациентот и како да постапат понатаму за да ги постигнат посакуваните цели.

„Ќе признаам, на почетокот бев скептичен, бидејќи досега се што пробав беше неуспешно. За среќа, мајка ми и сестра ми беа двете личности кои ме убедија да ја посетам ординацијата и да не се откажувам. Во „Срце“ ме пречекаа топло и веднаш се осетив како дома“ – вели Ј.Г.

Во периодот по одредување на хигиено-диететските мерки и соодветната терапија, пациентот Ј.Г. редовно го посетуваше центарот за спроведување на контролни прегледи.

РЕЗУЛТАТИ

Со соодветна исхрана, редовна физичка активност и голема дисциплина, Ј.Г. успеа да ослабне 42 килограми во период од 8 месеци. Новиот изглед му даде огромна самодоверба, но најважно од се му го подобри квалитетот на животот. Ноќната апнеа повеќе не е присутна, а исто така и стравот од сериозни здравствени нарушувања.

За крај Ј.Г. вели: „Искусниот и елоквентен тим во „Срце“ беше најголемиот фактор за овој фасцинантен резултат, па затоа, оваа прилика ја користам да изразам голема благодарност до нив, кои неуморно беа мојата поддршка во целиот процес. За 8 месеци, ослабев неверојатни 42 кг., а здравите навики кои ги стекнав со сигурност ќе останат дел од моето секојдневие.“

ЗАЕДНО ВО БОРБАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА: СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Ако се соочувате со прекумерна телесна тежина, како и пореметувања на здравјето предизвикани од дебелината побарајте помош во Срце – Центар за внатрешни болести. Нутриционистите и докторите специјалисти во нашиот центар ќе ве поддржат во вашата борба и ќе ви помогнат да остварите позитивни резулати.

Контактирајте нѐ и закажете нутриционистичи преглед како прв чекор до вашата посакувана тежина и постигнување на оптимално здравје.

Search

+