3 МИТА ЗА КОНЗУМАЦИЈАТА НА МЕСО

Интернетот понекогаш е навистина интересно место. Човек може да се навикне на секакви “факти“ и невистини. А ако не сме внимателни можеме и да си наштетиме. Еден таков пример е пропагандата за конзумирањето на месо, па ајде да погледнеме критично за некои популарни митови.

dali treba da jademe meso

МИТ 1: МЕСОТО И МЕСНИТЕ ПРОДУКТИ ГНИЈАТ ВО ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Многу диетолози во светот, тврдат дека месото не се вари потполно и дека гние во дебелото црево. Сепак докажано е дека овие тврдења не се вистина и дека најверојатно се измислени како би ги натерале луѓето да не јадат месо.

ВИСТИНА 1: МЕСОТО НЕ ГНИЕ ВО ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Кога месото доаѓа во стомакот, како и секоја друга сложена храна се лачи хлороводородна киселина и пепсин, ензим кој ги разградува протеините. Во тенкото црево, протеините се разградуваат до аминокиселини, а мастите до масни киселини, кои потоа се апсорбираат низ текните ресички од цревата и влегувааат во крвотокот.

Она што “ферментира” во дебелото црево е дел од растителната храна која ја внесуваме. Зеленчукот, овошјето, житните и мешункастите плодови меѓу другите хранливи материи, содржат два типа влакна, сварливи и несвариливи. Оние несварливите како целулоза, пектин итн, не се варат и апсорбираат во дигестивниот систем, туку тие помагаат да се оформи столицата и служат како пребиотици похранувајки ги цревните бактерии.

МИТ 2: МЕСОТО НЕ Е НЕОПХОДНО ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЧОВЕЧКИОТ ОРГАНИЗАМ

Некои вегетаријанци и вегани тврдат дека човекот по природа е тревопасно животно дека нашиот организам нема соодветни ензими и системи кои можат да го сварат и искористат правилно месото.

ВИСТИНА 2: НАЈДОБРО ФУНКЦИОНИРАМЕ КОГА КОНЗУМИРАМЕ КАКО РАСТИТЕЛНИ, ТАКА И ЖИВОТИНСКИ ПРОДУКТИ!

Уште од времето на праисторискиот човек, месото била основна храна за преживување, како и најдолго време му давало на човекот енергија и ситост. Тргнувајки со основни оружја за лов, човекот уште одамна знаел и се хранел со она што му е потребно за да преживее, месото.

Освен тоа дигестивниот систем воопшто не ни наликува со оној на тревопасните животни. Човекот има кратко дбеело црево, долги тенки влакна, а желудникот содржи многу хлороводородна киселина, којашто пак е неопходна за разградување на животинските протеини.

МИТ 3: ЗАСИТЕНИТЕ МАСНИ КИСЕЛИНИ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ ВО МЕСОТО ВОДАТ ДО КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ

Ова е најчесто изложен став кој подлежи на доста дискусии за или против конзумирањето на месо. Знаеме дека црвеното месо била основна храна за нас и нашите предци многу години, додека кардиоваскуларните болести не беа проблем до пред 20тиот век. Нема логика да ја обвинуваме традиционалната храна за модерните заболувања.

ВИСТИНА 3: ХОЛЕСТЕРОЛОТ ДОНЕСЕН ПРЕКУ ХРАНАТА РЕЧИСИ НЕМА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ХОЛЕСТЕРОЛОТ ВО КРВТА

Огромен научен труд, базиран на 20 независни истражувања, во кои се вклучени над 1 милион луѓе во САД, тврди дека холестеролот и незаситените масни киселини се безопасни. Иако гледаме на нив како на нешто лошо, холестеролот е витална молекула за организмот. Холестеролот го има во секоја клеточна мембрана на секоја клетка и учествува во синтезата на хормони. Црниот дроб е орган во човечкото тело што произведува 2/3 холестерол. Кога холестеролот ќе го внесеме преку храна, црниот дроб едноставно произведува намалено количество и придонесува содржината во крвта да не се измени значително.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека кај 70% од луѓето, холестеролот, донесен преку храната не влијае лошо врз холестеролот во крвта. Кај останатите 30%, се забележува благ пораст на “лошиот” LDL холестерол, но и “добриот” HDL холестерол исто така се зголемува.

ИЗРАБОТКА НА РЕЖИМ НА ИСХРАНА СО ПРАВИЛНА НУТРИЦИЈА: СРЦЕ ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Месото како и секоја друга храна треба да се конзумира умерено за да не направи штета на организмот. Исто така многу е важна подготовката на месо, избегнувајте пржени меса, обработувани долго на високи температури и пржени во длабоки масла. Не е лага дека месото е богато со заситени масти и холестерол, но тоа не треба да предизвикува загриженост, бидејќи холестеролот донесен преку храната речиси нема влијание врз холестеролот во крвта и не го зголемува ризикот од срцеви заболувања, секако се додека се конзумира рационално.

Нашиот стручен тим составен од нутриционисти и лекари специјалисти се секогаш тука за вас кога имате дилема како треба да изгледа вашата исхрана. Контактирајте нѐ и закажете нутриционистичи преглед, а ние ќе ви изработиме режим на исхрана кој најдобро ќе одговара на вашите потреби за постигнување на оптимално здравје.

Search

+