РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ДИЕТА, НУТРИЦИОНИСТИЧКА ИСХРАНА И НУТРИГЕНЕТИКА

Зборот диета често се асоцира со процесот на губење на килограми. Но, всушност тој значи начин на исхрана кој ја практикува една индивидуа во одреден временски период или во текот на животот. Нуриционистичката исхрана исто е исхрана која ја практикува една индивидуа, но сепак таа се одредува според потребите на индивидуата за постигнување на оптимално здравје.

Razliki pomegju dieta, nutricionistichka ishrana i nutrigenetika

ШТО Е ДИЕТА?

Без разлика дали една индивидуа прави добар или лош избор, дали целта е да се ослабне или здебели или едноставно конзумира одреден вид храна , исхраната која ја практикува во тој момент се нарекува диета. Некои видови на диети се веганска, вегетаријанска, без глутенска, медитеранска, кето диета и многу други. Ова значи дека диетата може да биде начин на исхрана или пак диета наменета за решавање одреден проблем.

Најчесто луѓето се одлучуваат да го сменат начинот на исхрана и го користат зборот диета поради слабеење. Во светот околу 1 милијарда луѓе се соочуваат со прекумерна тежина, а многу од нив некогаш пробале да ја намалат тежината со помош на диета.

Многу често овие диети, кои не се препишани од стручно лице, всушност се само неправилен начин на исхрана, односно лоша диета. На пример, внесот на помалку калории, преку внес на многу малку храна може да ја намали тежината, но истовремено да го наруши здравјето. Затоа секогаш се препорачува диетата да биде балансирана.

ШТО Е НУТРИЦИОНИСТИЧКА ИСХРАНА?

Нутриционистичката исхрана е исто така диета, односно начин на исхрана чија најголема цел е постигнување на оптимално здравје.

За разлика од општите диети за слабеење, диети за друга намена или општите навики во исхраната, овој тип на исхрана се базира на индивидуални потреби на секој човек според добиените параметри од различните анализи и испитувања.

Па така, пред да се креира план на исхрана, нутриционистите и докторите во центарот за внатрешни болести – Срце, прават проценка на метаболен статус, проверка на составот на телото и анализа на интолеранција на храна, како би можел планот да биде најсоодветен за вас. Со ваквиот тип на исхрана може да се цели кон постигнување идеална тежина, намалување на ризикот од други хронични заболувања и постигнување оптимално севкупно здравје.

ИСХРАНА БАЗИРАНА НА НАШИТЕ ГЕНИ

Нутригенетиката е водечка метода во разјаснувањето на позадината помеѓу различните видови на храна и како тие влијаат на нашиот организам. Оваа метода има значително влијание во превенција и лекување на болести поврзани со исхрана, а во иднина се очекува да биде една од најприменуваните за креирање на персонализирана исхрана.

Нутригентските испитувања ги анализираат нашите гени, односно како ние реагираме на одредена храна и каква храна ни е потребна според добиениот резултат за постигнување и одржување на оптимално здравје.

Со ваков начин на креирање на режим на исхрана, можеме да бидеме сигурни дека секогаш го внесуваме она што му е потребно на нашиот организам, а со тоа и се бориме против дебелина, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и други хронични заболувања.

СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ: ИЗРАБОТКА НА ПЛАН ЗА ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ИСХРАНА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ ВРЗ БАЗА НА НАШИТЕ ГЕНИ

Новите истражувања покажуваат дека советот кој е насочен према одредена личност, според нејзините индивидуални параметри, како и промени во животниот стил, се многу поефикасни од општите совети и диети.

Со примена на нутригенетиката како најнова услуга во центарот, го подобруваме концептот на персонализирана исхрана со цел да допринесеме за оптимално здравје на нашите пациенти и намалување на ризикот од заболувања од разни болести.

Советувајте се со нашите реномирани лекари и нутриционисти и закажете нутригенетско тестирање

Search

+