УСПЕШНА ПРИКАЗНА: СО ПОМОШ НА НУТРИЦИОНИСТИЧКАТА ПРОГРАМА НА СРЦЕ ОСЛАБНАВ 43 КИЛОГРАМИ ЗА САМО 8 МЕСЕЦИ

По долги години соочување со прекумерна тежина, пациентката К.Г. го посети центарот за внатрешни болести „Срце“ со цел и желба за намалување на тежината и подобрување на своето здравје.

По извршените прегледи и тестирања, на пациентката и беше дијагностицирана екстремна гојност, тежина од 106 килограми, висок процент на масти во пределот на стомакот, покачен крвен притисок и покачен пулс и при најмала физичка активност.

Успешна приказна: намалување на тежината со правилна исхрана

ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОРЕМЕТУВАЊА

Долг период, пред да го посети центарот, пациентката К.Г. се обидувала да ја намали телесната тежина. По неколку неуспешни обиди за држење диета за слабеење која претежно ја наоѓала на интернет, таа решила да се обрати во „Срце“. Нејзината желба беше да постигне изглед со кои би се чувствувала задоволно од самата себе, но уште повеќе да го подобри своето здравје.

„Не се плашев толку од дебелината, колку што се плашев дека моето здравје е нарушено. Се чувствував разочарана од сама себе кога неможев ни 10 скали да искачам без да се задишам. Најмногу ме плашеше притисокот. Кога увидов дека е често покачен, знаев дека морам да преземам нешто. Долго истражував која би била најсоодветната програма за мене, бидејќи со класичните диети не успевав да ги постигнам посакуваните резултати. Така дознав за „Срце“. – С.С.

РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ПОСТИГНУВАЊЕ ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ

По извршениот интегриран пристап врз пациентката, кој опфаќа нутриционистички преглед, проценка на метаболен статус, одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор, тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници, консултации со нутриционист и преглед од лекар специјалист се одреди соодветен режим на исхрана за пациентката и план за физичка активност. Медикаментозна терапија не беше потребна, бидејќи намалувањето на тежината може да го регулира крвниот притисок.

„Кога го видов пристапот на тимот во „Срце“ знаев дека сум направила правилен избор. Освен што беа извршени повеќе прегледи и тестирања според кои беше направен планот на исхрана, консултациите со докторот и нутриционистката ми влејаа доверба дека се ќе биде во ред со моето здравје и дека ќе ги постигнам посакуваните цели. Диетата која ми беше препишана беше креирана исклучиво за мене. Во ниту еден момент не осетив дека гладувам како многу пати претходно, напротив, секогаш бев сита и задоволна со исхраната.“ – К.Г. 

Во периодот по одредување на хигиено-диететските мерки и соодветната терапија, пациентката К.Г. редовно го посетуваше центарот за спроведување на контролни прегледи.

РЕЗУЛТАТИ

На последната контрола на пациентката К.Г. и беа измерени 63 килограми. Таа за 8 месеци упеа да ослабне 43 килограми. Резултатите беа големи и видливи, исто како и нејзината насмевка која не можеше да ја скрие кога ги виде бројките на вагата, како и резултатите од последното мерење на составот на телото.

Исто така кај пациентката беше забележано и регулирање на крвниот притисок, односно притисок од 120/80 мм живин столб. Поради редовната физичка активност во овој период, пациентката сега се стекна со добра физчка кондиција.

Сѐуште не ми се верува дека ова го постигнав со ваша помош и поддршка и дека постојано бевте тука за мене. Навистина не знам како да ви се заблагодарам “– К.Г.

ЗАЕДНО ВО БОРБАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА: СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Ако се соочувате со прекумерна телесна тежина, како и пореметувања на здравјето предизвикани од дебелината побарајте помош во Срце – Центар за внатрешни болести. Нутриционистите и докторите специјалисти во нашиот центар ќе ве поддржат во вашата борба и ќе ви помогнат да остварите позитивни резулати.

Контактирајте нѐ и закажете нутриционистички преглед како првчекор до вашата посакувана тежина и постигнување на оптимално здравје.

Search

+