ШТО Е ДЕБЕЛИНА И КАКО ИСХРАНАТА И ЗДРАВИТЕ НАВИКИ ВЛИЈААТ ВРЗ ПОСТИГНУВАЊЕ НА ВАШАТА ИДЕАЛНА ТЕЖИНА?
Кога зборуваме за дебелина, не мислиме на сопствената перцепција за изгледот на телото. Дебелината е комплексна и хронична болест на прекумерно трупање на масти во организмот. Во Македонија, се очекува дека до крајот на 2024 година 24.01% од популацијата ќе се соочи со оваа болест. Одразот во огледалото не е мерка за дебелина. Постојат повеќе начини за нејзино дефинирање, а еден од најчестите е одредувањето на индексот на телесна маса (ИТМ) или body mass index (BMI).