ABOUT Проф. Емеритус Др. Бранкица Крстевска

специјалист интернист – ендокринолог

Проф. Емеритус Др. Бранкица Крстевска.  Се запишав на Медицински факултет и не погрешив. Напредував во професијата. Станав лекар, па специјалист интернист, и потоа субспецијалист- ендокринолог. Како професор ми  беше дадена можност да подучувам млади лекари и несебично да им го пренесувам знаењето, до колку сакаа.

Во текот на долгогодишната професионална работа стекнав вештина да поставувам дијагноза и да лекувам лица со заболувања од областа на ендокринологија и дијабетологија.

Моја стручна област на работа се: тироидни нарушувања, пореметувања на надбубрежни жлезди, ендокрини тумори, полицистичен оваријален синдром и други репродуктивни нарушувања кај жената, дијабетес,бременост и дијабетес и други ендокринолошки нарушувања во бременост.Сето тоа го правев и го правам со срце, и сега сум консултант во ПЗУ “Срце”.

Работно искуство и образование:

Основно образование: Основно училиште “11 Октомври”, Скопје

Средно образование: Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин”, Скопје

Високо образование: Медицински факултет при Универзитетот “Св. Крил и Методиј”во Скопје, 1975 година.

Вработувања:  

1975 год. – Геријатриска болница, Скопје

1975 – 2015 год. – Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања, Скопје

2015 год. – ПЗУ-“Срце”, како консултант

Позиции и професионално искуство:

1977 – 1981 год. – Специјализација по Интерна медицина, Клиника за ендокринологија, Универзитетски клинички Центар, Скопје

1989 год. – Шеф на Ендокринолошка амбуланта

1987 год. – Ендокринолог од Југословенско ендокринолошко здружение (поседува сертификат)

2003 год. – Субспецијалист по Ендокринологија и дијабетологија, Медицински факултет, Скопје

1999-2007 год. – Претседател на Научно Здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија

2015 год. – Член на Национална комисија за дијабетес, Министерство за здравство, Македонија

Универзитетски титули: Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, завршила 1975

За асистент по предметот Интерна медицина, била избрана во 1985

Докторската дисертација под наслов “Хипоталамо- хипофизна- адренална и оваријална оска кај хирзутизам” ја одбранила на Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, во 1997

За научен соработник на Медициснки факултет во Скопје, била избрана во 1998 година

За доцент по предметот Интерна медицина била избрана во 2002 год.

За вонреден професор избрана во 2003 година

За редовен професор избрана во 2008 година.

Членувања: 

Лекарска Комора на Македонија

Македонско лекарско друштво

Научно здужение на ендокринолози и дијабетолози на македонија

Здужение на интернисти на Македонија

Европско ендокринолошко здружение

Европска асоцијација за проучување на дијабетес  

Последипломска едукација:

Универзистетска кантонална болница- Женева, Швајцарија, 1995

СЗО, Курс за едукација на едукатори во превенција од хронични компликации на дијабетесот, Грименз, Швајцарија, 1995

СЗО, Курс за едукација на едукатори за дијабетес, дијабетични компликации, дијабетес и бременост, 2000, Скопје

Курс за добра клиничка пракса наменет за истражувачи-поседува сертификат за GCP in ICH, Охрид, 2000

ECE, последипломски курс по ендокринологија, 2006, Охрид

ECE,последипломски курс по ендокринологија, 2013, Загреб

EASD, последипломски курс по дијабетологија, 2016, Скопје

Едукација со учество на над 30 конгреси во земјаваи во странство.

Учесник во проекти:

BIAsp-1069: Мултинационална, рандомизирана, контролирана, двојно слепа студија на паралелни групи за споредба на ефикасноста и безбеноста на два пати дневно бифазен инсулин аспарт 30 и NPH инсулин кај субјекти со дијабетес тип 2, од март до ноември 1999.

NN304-1385: Мултицентрична, мултинационална, отворена, рандомизирана, студија на паралелни групи за споредба на инсулин detemir + инсулин аспарт со NPH инсулин + хуман солубилен кај субјекти со дијабетес тип 2 на базал болус терапија, од октомври 2001 до јули 2002.

Подобрување на грижата за шеќерна болест и хронични компликации преку строга гликемиска контрола во согласност со Националната програма за превенција на шеќерна болест, 2002- 2004.

Професионален допринос:

Оснивач на репродуктивна ендокринологија кај жени, на клиниката.

Вовела скрининг на гестациски дијабетес во бременост; посебна грижа за водење и за лекување на жени со предекзистирачки дијабетес во бременост.

Награди и професионални признанија:

Плакета од лекарска комора на Македонија, 2005 година

Благодарница, од Здужението на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, за успешно долгогодишно раководење со здружението, Маврово, 2016

Благодарница, за придонес во развојот и работата на Медицинскиот факултет, 70 години јубилеј на факултетот, Скопје, 2017

Благодарница од Здружение на жените на град Скопје, 1997 година.