
ABOUT Др. Горан Николов
специјалист интернист – кардиолог
Др. Горан Николов, роден 1955 година во Скопје, специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог, основач и раководител на ПЗУ “Центар за внатрешни болести СРЦЕ”.
Работно искуство и образование:
Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија, а подоцна работи во Гарнизонската амбуланта Куманово како општ лекар се до почетокот на специјализацијата по интерна медицина.
Работи и специјализира во тогашната Воена Болница Сплит, Војномедицинска Академија во Белград и Клиничка болница “Сестре Милосрднице” во Загреб, Р. Хрватска каде завршува специјалистички испит по интерна медицина.
Супспецијалност од областа на кардиологијата завршува на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија.
По враќањето во државата осум години работи како специјалист интернист во една од првите приватни интернистичко-кардиолошки ординации ПЗУ “АТИК-КОР” во Скопје.
Во почетокот на 2003 година го формира ПЗУ “Центарот за внатрешни болести СРЦЕ” со кој раководи и денес.
Дополнителни вештини/информации:
Учесник на сите национални кардиолошки конгреси како и на многу меѓународни европски и светски конгреси, симпозиуми.