ABOUT М-р. Марија Димковска Рибарова

дипл. инженер по биохемија

М-р Марија Димковска Рибарова, дипл. инг по биохемија, родена на 09. 02. 1987 година во Скопје. Редовно вработена како раководител на биохемиската лабораторија при ПЗУ Центар за внатрешни болести СРЦЕ од 2014 година.

Образование и работно искуство:

Образование:

2011-2014 год. Завршен II степен високо образование при  Универзитет  ”Св Кирил и Методиј” –Скопје, Природно-математички факултет, студии по биологија, биохемиско-физиолошка насока, на тема ” D-ГАЛАКТОЗА ИНДУЦИРАНАТА СЕНЕСЦЕНЦИЈА КАКО МОДЕЛ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ОКСИДАТИВНИ НАРУШУВАЊА” , стручен назив М-р по биохемиски науки

2006-2011 год. Завршен I степен високо образование образование при  Универзитет  ”Св Кирил и Методиј” –Скопје, Природно-математички факултет, студии по биологија, биохемиско-физиолошка насока, на тема ”ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЗРАСТА, ТРЕТМАНОТ СО ТИАЗОЛИДИН И АКУТНА ХИПЕРТЕРМИЧКА ЕКСПОЗИЦИЈА  ВРЗ НИВОТО НА КАРБОНИЛНИТЕ И ТИОЛНИТЕ ГРУПИ ВО КРВНАТА ПЛАЗМА”, стручен назив дипл. инг по биохемија

2001-2006 год. Завршено средно образование, ДСУ ”ОРЦЕ НИКОЛОВ”, Скопје, Природно-математичка насока

 

Работно искуство:

Редовно вработена во ПЗУ  Центар за внатрешни болести СРЦЕ од 2014 година, Стручен основач и раководител на биохемиската лабораторија

2011-2014 год. Универзитетска Клиника за Клиничка биохемија при Клинички Центар – Скопје  Институт за Клиничка биохемија, Биохемичар

2010-2011 год. Природно-математички факултет, Завод за физиологија, Демонстратор/задолжена  за спроведување на  практичната  настава   по  предметот Физиологија на човек

Сертификати/вештини:

  • Сетрификати за успешна обука за биохемиски апарати Mindray BS 200, Cobas Integra 400, Cobas Integra 800
  • Сетрификат за успешна обука за хематолошки апарат Sysmex xp-300
  • Сетрификати за успешна обука за имунолошки апарати Tosoh, Abbott AxSYM, Аbbott ARCHITECT  i1000SR, IMMULITE 2000, Cobas Еlecsys 2010
  • Годишни интернационални сертификати за успешно спроведена надворешна контрола PREVECAL , Costa Brava, Barcelona за биохемија и IQAS за хематологија
  • Комуникативна личност способна за тимско работење,добар организатор за работа во лабораторија, логичар, поседување на математички вештини

Хоби:

  • изучување на 3D illustrator
  • графички дизајн
  • ролање