ABOUT Проф. Емеритус Др. Мирко Крстевски

специјалист интернист - гастроентерохепатолог

Проф. Емеритус Др. Мирко Крстевски, специјалист – интернист, супспецијалист – гастроентерохепатолог, роден 28.02.1949 год. Консултант во ПЗУ „Центар за внатрешни болести СРЦЕ” од 2013 година.

Работно искуство и образование:

1973 год. Медицински факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин”, Скопје

Осмогодишните училишта “Гоце Делчев” и “Кузман Јосифовски Питу”, Скопје

Од 2013 год. како консултант во ПЗУ „Центар за внатрешни болести СРЦЕ”

 

Работно и професионално искуство:

Клиника  за  гастроентерохепатологија на Медицинскиот факултет во Скопје каде  останал до своето пензионирање во 2013 год.

Субспецијализација по гастроентерологија, 2000 год.

За  редовен  професор  бил  избран во 2000 год.

За вонреден професор бил избран во 1995 год.

Докторската  дисертација  под  наслов “Местото  и улогата на ректосигмоидоскопијата  и фибероптичната колоноскопија во детекцијата на  премалигните состојби на колонот и профилаксата на колоректалниот карцином”, ја одбранил во 1990 год.

Бил избран за доцент по  предметот  Интерна  медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј на во 1990 год.

Специјализацијата по предметот Интерна  медицина  започнал 1976 а специјалистички испит положил во месец март 1981 год.

За  асистент по  предметот  Интерна  медицина бил избран во 1976 год.

1974-1975 год. Служба  за Итна  медицинска  помош при Здравствениот дом Скопје.

 

Најзначајни професионални достигнувања:

После тримесечен престој во Лион, Франција, на Универзитетите “Ст. Ежени – Жил Курмонт ” и  “Едуард Ериот ” ја вовел ендоскопската лигација и криотерапијата во лекување на  крвавечките хемороиди.

Во 1990 година ја  промовирал  ендоскопијата  на  колонот  како  скрининг процедура за рано откривање и одстранување на прекурзорите на дебелоцревниот карцином.

 

Дополнителни информации:

  • Шеф на лабораторијата за  дигестивна ендоскопија на Клиниката за  гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • Член на лекарската комора на Република Македонија (ЛКМ)
  • Член  на  етичката  комисија при ЛКМ
  • Заменик директор на Клинички центар Скопје Универзитетот Св. Кирил и Методиј
  • Претседател на Научното здружение на гастроентерохепатолозите на Република Македонија
  • Член на медитеранското здружение за ВЦЗ (воспалителни  цревни  болести) IBD RESEARCH GROUP
  • Член на европската и светската гастроентеролошка асоцијација
  • Член на светската асоцијација за дигестивна ендоскопија
  • Член на македонското лекарско друштво
  • Член  на здружението на интернисти на Македонија

 

Студиски престои во странство:

2013 год. Курс по  оперативна  ендоскопија, Рим

2012 год. – Европска гастроентеролошка недела, Стокхолм

2008 год. – Светски  гастроентеролошки конгрес, Монтреал

2004 год. – 39-ти годишен состанок на Европската асоцијација на испитување на црниот дроб, Берлин, Германија

2001 год. – Тренинг програм за рационално препишување на лекови, Универзитет во Питсбург, Центар за клиничка фармакологија, Питсбург, Пенсилванија, САД

2000 год. – Имуносупресија кај ВЦЗ, Стандарди и нови смерници, Фрајбург, Германија

1999 год. – Европска гастроентеролошка недела, Рим, Италија

1999 год. – Проект конференција, Бубрежни оштети кај пациенти со ВЦЗ, Неапол, Италија

1997 год. – Европска гастроентеролошка недела, Бирмингем, Англија

1996 год. – Фалк симпозиум, Лугано, Швајцарија

1996 год. – Европска гастроентеролошка недела, Париз

1995 год. – Европска гастроентеролошка недела, Берлин, Германија

1991 год. – Студиски престој во Градската болница во Нирнберг, како стипендист на градот Нирнберг, Германија

1990 год. – Европска гастроентеролошка недела, Амстердам

1985 год. – Престој во Лион, на Универзитетите” Едуард Ериот и Ст. Еугени” како стипендист на градот Лион, Франција

 

Награди и  професионални признанија:

Плакета на Лекарската комора на Р.Македонија,2002

Наградата Трифун Пановски, 2008

 

Статии и написи во монографии, учебници, наставно научни помагала:

Поглавие, Болести на дебелото црево, Учебник по Интерна медицина, 2005 год.

Поглавие, Методи на испитување на дебелото црево, Учебник Клиничко испитување, 2006 год.

Автор и коавтор на повеќе од 80 научно-истражувачки трудови

 

Научно истражувачка подршка:

Општа област на  научен интерес – Гастроентерологија

Потесна област на  научен интерес – Дигестивна  ендоскопија, скрининг и рано откривање на дигестивни карциноми

 

Научни проекти:  

Бубрежна оштета кај пациенти со ВЦЗ, Антверпен,Белгија (Интернационална мултицентрична студија, 1998-2000 год., асистент истражувач)

Епидемиолошки карактеристики и квалитет на животот кај пациенти со ВЦЗ (Медитеранско  за ВЦЗ, ВЦЗ работна  група), 2003 год.

Епидемиолошки карактеристики кај пациенти со Улцерозен колитис и Кронова болест во Република Македонија, 2000-2003 год., лидер

Местото и улогата  на медикалната терапија во превенција на варикозните крвавења кај пациенти со Цироза, 2002-2004 год., Македонска Академија на Науки, асистент истражувач