ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА

Превентивна медицина.

Нутриција (human nutrition) е наука за исхраната и нејзината поврзаност со здравјето.

Нејзина цел е да делува превентивно и терапевтски, да го промовира оптималното здравје на човекот и да се намали ризикот од хронични дегенеративни заболувања како што се атеросклероза, кардиоваскуларни заболувања, карцином и др.

Одделот за диететика и диетотерапија во Центарот за внатрешни болести СРЦЕ врши интегриран пристап во превенцијата и лекувањето на здравствени состојби и болести кај кои промените во начинот на исхрана се дел од терапијата пропишана и базирана на научни докази во многу медицински светски водичи за превенција и лекување на болестите.

 

Диетолошки и диетотерапевтски услуги:

  • нутриционистички преглед
  • проценка на метаболен статус
  • дијагностичко - метаболен преглед
  • контролен преглед
  • одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор
  • интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници по бескрвен пат (биорезонантен метод)
  • изготвување индивудуален режим на исхрана
  • консултации со нутриционист и лекар специјалист
  • издавање суплементација и/или терапија од страна на лекар специјалист

Нутриционистичка програма наменета за здрави лица:

  • деца
  • жени во бременост и доење
  • лица во менопауза и андропауза
  • спортисти
  • контрола на телесната тежина (потхранетост и дебелина)

Во нашиот Центар изведуваме неколку дијагностички процедури кои се спроведуваат пред и за време на програмата за исхрана:

  • анамнезата е првата и најважна етапа во поставувањето на правилна дијагноза. Најпрво, се пополнува детален прашалник составен од медицински и нутриционистички прашања кои ни даваат важни податоци за здравствената состојба и личните навики кај пациентот
  • лабораториска анализа која вклучува одредување на серумско железо, комплетна крвна слика, гликемија, вкупен холестерол, триглицериди, HDL, LDL, ензимски статус (AST, ALT, GGT), уреа, креатинин, мочна киселина, билирубини, протеински статус, урина, хормони на тироидната жлезда. Доколку има потреба од дополнителни анализи се изработуваат додатно
  • ЕКГ (електрокардиограм) и мерење на крвен притисок
  • одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор
  • одредување на интолеранција на храна со MORA апарат
  • консултативен преглед со нутриционист и лекар-специјалист
  • препишување на одредени суплементи врз основа на резултати

Mora – Super е апарат со напреднат софтвер кој служи за одредување на интолеранција на одредена храна. Идејата за биорезонанца потекнува од доктор Ф. Морела кој ги раздвоил електролитните сигнали на човечкиот организам на физиолошко – здрави и на патолошко -нездрави осцилации.
Биорезонанцата е биофизиолошка метода на сигурно и неинвазивно дијагностицирање. Како и секоја метода во науката (медицината), има своја сензитивност и специфичност.
Биорезонантната метода МО – РА се темели на феноменот не електромагнетни бранови кои можат да дијагностицираат одредени состојби, во овој случај одредена интолеранција на некоја храна. Затоа се користи како комплементарната метода на медицината.
Бројни студии, во последните 25 години, покажуваат дека 55% од светската популација покажува хиперсензитивност – абнормална реакција на организмот на одредени компоненти од храната и пијалоците кои се внесуваат секојдневно. Таа може да биде вродена и стекната.
Најчести симптоми на интолеранција на храна се: хронична прекумерна телесна тежина, хронични гастроинтестинални проблеми: проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност, главоболки, мигрена, болка во зглобови, кожни проблеми: атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија.
Во Центарот за внатрешни болести СРЦЕ оваа метода ја спроведуваат сертифицирани, дипломирани нутриционисти во соработка со лекари специјалисти. На самиот апарат се испитуваат над 250 намирници. Исто така оние кои што страдаат од хронични метаболни нарушувања или автоимуни болести можат да го спроведат тестот на интолеранција на храна. По оваа опфатна дијагностика, се прави индивидуален нутритивен профил – елиминациски диететски програм од страна на нутриционист.

Нутриционистички програми со додадена суплементација и лекови по потреба кај пациенти со познати заболувања како:

  • дебелина, прекумерна телесна тежина или здебеленост
  • кардиоваскуларни болести: зголемен крвен притисок, атеросклероза, коронарна болест, состојби по прележан срцев и мозочен удар
  • метаболни нарушувања: дијабетес, заболувања на штитна жлезда, покачени маснотии во крвта, зголемена мочна кислеина (хиперурикемија) ГИХТ
  • гастроентерохепатолошки болести и состојби: нервозно црево, опстипација (тврда столица), хијатална хернија, гастритис, гастроезофагеална рефлуксна болест – ГЕРБ, жолчни камења, замастен црн дроб,воспалителни болести на цревата (улцеративен колитис и Кронова болест)
  • железо – дефицитна анемија
  • проширени вени

Апаратот за мерење на состав на телото InBody 720 е софистициран апарат одобрен од FDA (Food and Drug Administration) со кој се врши сегментна анализа на составот на човечкото тело.
Со него се одредува:

  • количество, распределба и процент на мастите во телото
  • VFA (Visceral Fat Area) – индекс на застапеност на висцералните масти (масти во внатрешните органи)
  • Waist Hip Ratio (WHR) – однос половина – колк т.е. дали има таложење на мастите во предел на стомакот што е значаен фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни болести
  • развиеност, сила и тежина на мускулната маса и нејзина распределба
  • вкупната и клеточна течност како и евентуално присуство на отоци
  • минерален состав на коскеното ткиво (можно е откривање на остеопенија или остеопороза)
  • ниво на базален метаболизам
  • симетричност на телесната градба
  • здравствен ризик
  • одредување на fitness score (кое е нивото на физичка спремност)

 

На нутриционистички преглед или контрола најдобро е да дојдете гладни (за лабораториски анализи треба да се поминати најмалку 12 часа од последниот внес на храна) и да немате пиено течности (внесот на течности сведете го на минимум неколку часа пред прегледот).
Мерење на составот на телото со помош на InBody анализатор трае околу 50 секунди, а се мерите по долна облека без присуство на метал и накит. Трудници и лица со пејсмејкер на срцето не се мерат! Важат истите подготовки како за нутриционистички преглед или контрола.
Тестот за одредување на интолеранција на намирници со MORA апаратот трае околу 30 – 40 минути. Доколку го правите само овој тест, посебни подготовки не се потребни. Доколку тестот за интолеранција го правите како дел од нутриционистички преглед, тогаш заради останатите анализи и мерења, потребно е да бидете гладни и да немате внесувано течности неколку часа пред прегледот.
НАПОМЕНА:
Потребно е да не пиете кафе или алкохол минимум три часа пред да го направите тестот за одредување на интолеранција на намирници.