ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ И ПРАВАТ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО ХРОНИЧНИТЕ БОЛНИ И ПОСТАРИТЕ ЛИЦА
Во летниот период високите темератури додатно го оптеретуваат срцето и кардиоваскуларниот систем. Затоа срцето мора додатно-напрегнато да работи.

Во летото повеќе се потиме и губиме доста течност. За да се воспостави рамнотежа бубрезите ја штедат водата со тоа што ја впиваат и враќаат во циркулацијата заради што столицата постанува цврста и може да се појави опстипација-запек.
Клучна е превенцијата: пијте 2-3 литра вода на ден, но да се внимава да не содржи сол, избегнувајте излегување на сонце помеѓу 11-17 часот, движете се во климатизирани простории. Во колку излегувањето е неопходно тоа треба да биде наутро до 10 часот и попладне после 18 часот. Ова се однесува на повозрасните, особено срцевите болни. Во колку сте во можност одбегнете ги претстоечките топли денови и екстремно високите температури, одете на планина, море, езеро.
КРВНИ САДОВИ И ПРИТИСОК
Кога е топло се шират крвните садови во кожата, а помалку крв останува за внатрешните органи, додека крвниот притисок паѓа. Тоа пак доведува до помалку крв за виталните органи, што може да предизвика инфаркт на срцето или мозокот, затајување на бубрезите и црниот дроб.
ЛЕСНА ХРАНА И ПОМАЛКУ СОЛ
Болните со болести на крвните садови и срцето во летото посебно треба да внимаваат на исхраната. Таа мора да биде лесна, претежено варена, со лесни салати, свежо овошје и зеленчук, додека оброците треба да бидат помали и почести. Пожелно е храната да биде ладна или барем млака, пијалоците да бидат малку оладени, но не и многу ладни. На болните им треба 1.5-2 грама сол на ден, а тоа е количина која ја има на врвот на ножот.
ТЕРАПИЈА
Би било добро хроничните болни да се консултираат со својот лекар за терапијата во текот на летото. Секоја промена, нејаснотија или влошување е доволна причина да се јавите на лекар.
ИЗЛЕГУВАЈТЕ НАУТРО И НАВЕЧЕР
Болните на кои крвиот притисок им е регулиран можат да се капат, но треба да внимаваат температурата на морето или водата да не биде преладна. Влезот во морето да биде постепен. Пливањето не треба да се избегнува затоа што тоа е одлична рекреација и физичка терапија, но на плажа треба да се оди порано наутро или приквечер.
ВНИМАТЕЛНО СО КЛИМАТА
Клима уредите се корисни. Но внимавјте да темературата во просторијата не биде пониска од 4-5 степени со надворешната температура. Смерот на дување на климата да биде во линија на плафонот и спротивно од човекот во просторијата. При возење автомобил со вклучена клима смерот на дување да биде усмерен кон шофершајвната и према нозете, а десет минути пред крај на патот треба да се зголеми температурата за степен или два пониска од надворешната температура како телото би се адаптирало за излегување надвор.
Познато е дека високите температури ги шират крвните садови што доведува до паѓање на крвниот притисок. Додатно губиме течност преку зголеменото потење и дишење. Затоа лековите за покачен крвен притисок треба да се адаптираат, односно намалат, но не и потполно да се прекине земањето на антихипертензивната терапија. Високите темератури доведуваат до дехидратација- губиток на течност во телото. Тоа го истоштува организмот и имаме пад на имунитетот. Затоа е потребено да се зголеми внесот на течности, како и преку храната со внес на свежо овошје и зеленчук.
ЛЕКОВИ
На летување потребно е да се понесе доволна резерва на лекови, а со својот лекар да се договори како да се постапи во случај на влошување на тегобите. Би било добро да се знае дали во место на летување има лекар, аптека, која е најблиска болница и какви се можностите за транспорт.
Др. Горан Николов