Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет-страницата на ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ , https://srce.com.mk/.

Оваа Политика за приватност на личните податоци содржи информации за видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Политика за приватност на Друштвото го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област. Оваа Политика за приватност се однесува единствено за интернет-страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет-страници до кои пристапувате преку нашите интернет-страници.

Контролор

Контакт податоци на Контролорот се:

  • ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ
  • Булевар „3-ТА Македонска Бригада“ бр.45/1-2
  • Телефонски број: (+389) 2 3217 016
  • Интернет страна: https://srce.com.mk/
  • E-mail адреса: srce@srce.com.mk

Кои лични податоци ги собираме од вас?

ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ е контролор на личните податоци кои што Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. При посета на нашата веб страна и користење на нашите веб услуги ние обработуваме различна количина на лични податоци, и тоа:

  • За закажување на преглед
  • Име
  • Презиме
  • Пол
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  • За контакт со нас
  • Име
  • Презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број

Заради следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната, за време на посета на веб страната, ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ автоматски ги собира следните податоци:

  • URL на веб страна преку која сте дошле на нашата веб страна;
  • IP адреса;
  • основни параметри за пребарувачот, оперативниот систем и уредот;
  • посетена адреса на нашата веб страна;
  • датум и време на посета;
  • локација.

ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ ги користи само горенаведените колачиња. Колачињата се кориснички податоци кои веб пребарувачот ги зачувува на вашиот уред (компјутер) заради идни посети. Колачето е информација која се зачувува на вашиот компјутер за време на посета на нашата веб страна и кога повторно ќе ја отворите нашата веб страна овие колачиња ќе се искористат за подобрување на корисничкото искуство и ефикасност на веб страната. Повеќе за користење на колачињата може да најдете во нашата Политика за колачиња.

За кои цели се користат собраните лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви ги овозможиме следните услуги:

  • Закажување на преглед
  • Одговор на некое ваше прашање или барање кое сте ни го поставиле преку формата „контактирајте не“
  • Подобрување на корисничкото искуство и оптимизирање и унапредување на функционалноста на интернет-страницата

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Вие директно ни ги давате личните податоци кои ги собираме, кога користите некоја од горенаведените услуги.

Обработката на вашите лични податоци ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување  тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива на ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ кое е лоцирано во Република Македонија

Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

За сите допонителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци можат да достават мејл до Офицерот за заштита на лични податоци на следната мејл адреса srce@srce.com.mk.

Законски основ

Законскиот основ за обработка на вашите податоци за наведените активности е различен и тоа:

  • За закажувањето на преглед, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.
  • За остварување на контакт со нас, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.
  • За употребата на колачиња, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.

Кои се Вашите права?

  • Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.
  • Право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.
  • Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.
  • Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
  • Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
  • Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

Ако сеуште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.

Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер на следниот емаил: srce@srce.com.mk, на телефонскиот број (+389) 2 3217 016, или да ни се обратите лично во просториите на ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.

Ремаркетинг

ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ информациите што ги собира преку користењето колачиња („cookies”) ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет-страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил интернет-страницата на https://srce.com.mk/.

„Гугл“, „Фејсбук“ и други трети страни прикажуваат АdWords, односно т.н. “ads” низ различни интернет-страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет-страницата на ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ преку со користење колачиња.

На пример, кога со посетата на https://srce.com.mk/ корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај „Гугл“ и „Фејсбук“ и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет-страница која исто така користи “ads” на „Гугл“ да му биде презентирана реклама за ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ или за содржината што ја посетил на страницата на ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ. Сите собрани податоци од ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ, односно со политиките за приватност на „Гугл“ и „Фејсбук“ за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги прилагодат параметрите за начинот на кои „Гугл“ и „Фејсбук“ рекламираат до нив со пристапување на следните страници, и тоа:

  • За „Гугл“: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en,
  • За „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ .

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет-прелистувачот што го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет-страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот „Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб-прелистувачот што го користи.

Промени во Политиката за приватност на личните податоци

ЦЕНТАРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ – СРЦЕ П.З.О. СКОПЈЕ има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет-страницата. Вашето континуирано користење на интернет-страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.