Ревматолошки испитувања.

РЕВМАТОЛОГИЈА И ПОДНОКТНА КАПИЛАРОСКОПИЈА

Ревматологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина која се занимава со нехируршко лекување и третман на ревматолошките болести и состојби, кои се карактеризираат со симптоми од страна на мускулноскелетниот систем. Многу од ревматолошките болести се карактеризираат со пореметувања во имуниот систем, па оттука и имуниот систем е предмет на интерес на ревматологијата.

Што лекуваат ревматолозите?

Ревматолозите третираат состојби како што се: артритис, некои автоимуни болести, болни синдроми на мускулноскелетниот систем, остеопороза…

Постојат преку 100 различни ревматолошки заболувања како ревматоидниот артритис,гихт, системски лупус еритематозус (СЛЕ), фибромиалгија, остеоартритис, тендининитис. Некои од ревматолошките болести се многу сериозни и тешки за дијагноза и третман. Поради нивната комплексност и еволуција честопати само една посета/преглед кај ревматолог може да не биде доволна/доволен за дијагноза и третман на состојбата.

Ревматологија, испитувања и услуги:

  • ревматолошки субспецијалистички преглед
  • давање – аплицирање на вискосуплементи директно во зглоб (интраартикуларно)
  • артроцентеза – пункција и евакуација на течност од зглоб
  • подноктна капилароскопија
  • лекување на системски заболувања на сврзното ткиво: системски Лупус еритоматодес, ревматоиден артритис, системска склероза
  • лекување на дегенеративни заболувања на зглобовите: периатритис хумероскапуларис, гонартроза, третирање на Бекерова циста
  • третман на уричен артритис (Гихт) консултации, советување, давање терапија, превентивни прегледи, второ мислење

Подноктна капилароскопија е неинвазивен метод за проценка на абнормалности на ситните крвни садови на кожата преку испитување на капиларите под микроскоп.
Капилароскопијата е најдобар начин за проценка на примарен од секундарен Raynaud феномен.

Болеста на Raynaud или феноменот на Raynaud е изразено намален проток на крв под дејство на студ или емотивен стрес кои предизвикуваат вазоспазам или стегање на ситните крвни садови со намалување на циркулацијата на крв во реактивните места што води до побледување на прстите на рацете, стопалата или и на други места на телото.

Кога не е позната причината за ова нарушување се нарекува болест на Raynaud или примарен Рејно. Доколку се јавува како резултат на друго заболување како што се системска склероза, системски лупус, дерматомиозитис или други автоимуни болести на сврзното ткиво се нарекува феномен на Рејно или секундарен Raynaud.

Капиларите се многу тенки крвни садови блиску до површината на кожата особено во близина на базата на ноктот.

Подноктната капилароскопија се изведува така што лекарот капнува масло на основата на Вашиот нокт и потоа ги следи капиларите под микроскоп.

Абнормалниот изглед може да е резултат на системско автоимуно заболување на сврзното ткиво, но и на примарен Рејно феномен кој е силно и долготрајно изразен.