УСЛУГИ И КАБИНЕТИ

Центарот за внатрешни болести „Срце“ е приватна здравствена организација основана во 2003 година, која функционира под раководство на д-р Горан Николов специјалист – интернист, супспецијалист-кардиолог. После повеќе од 18 години успешна работа, на 01.01.2020 година, го прославиме 18-от роденден од своето формирање во нови простории.

Центарот за внатрешни болести „Срце“ во минатиот период израсна во една референтна, респектабилна приватна здравствена установа. Мора да го истакнеме фактот дека сме една од ретките ПЗУ кои работат и стопанисуваат самостојно и сосема независно.

Во центарот се извршуваат специјалистички/супспецијалистички дијагностички прегледи од областа на интерната медицина: кардиологија, ендокринологија, гастроентерохепатологија, нефрологија, ревматологија и ангиологија, се вршат опширни лабораториски испитувања, како и испитувања од областа на превентивната медицина и диететиката и диетотерапијата.

Располагаме со биохемиска лабораторија и со повеќе кабинети:

  • кабинет за дијагностика
  • кабинет за интерна медицина
  • кабинет за превентивна медицина
  • кабинет за диететика и диетотерапија

Во рамките на главните кабинети, исто така функционираат и повеќе подкабинети и тоа за: тироидеа, андропауза, дијабетес, периферна циркулација, хипертензија, градна болка, аритмии, нефрологија и гастроентерохепатологија.

Нашите основни вредности

Фундаментална цел

Наша цел е во најкраток можен рок врз основа на сите потребни испитувања да поставиме дијагноза.

Основна мисија

Високопрофесионален, љубезен и доверлив третман на болните пациенти и превенција од болести на здравите.

Основни вредности

Стручноста, доверливоста, љубезноста, точноста и ефикасноста се нашите основни вредности.

НАЈДОБРИТЕ ИНТЕРНИСТИ НА ЕДНО МЕСТО

Во Центарот за внатрешни болести „Срце“, покрај редовно вработените кои го сочинуваат тимот составен од лекари специјалисти интернисти и супспецијалисти кардиолози, нутриционисти, дипломирани инжинери по биохемија, медицински техничари и лаборанти, администратор, ординираат и неколку професори консултанти супспецијалисти од разни области на интерната медицина, кои секојдневно изведуваат најсофистицирани дијагностички процедури. Со еден збор може да се каже дека во Центарот ординираат едни од најдобрите интернисти во земјата.

Професионалноста, посветеноста, истрајноста и домаќинското однесување се главните карактеристики на нашето работење.