ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ

Превентивна медицина.

Превентивна медицина

Цел на превентивна медицина и превентивните прегледи, како што и самото име кажува, е превенција, односно откривање на почетни, пред се незабележливи болести, кои болниот сеуште не ги чуствува или пак не му предизвикуваат поголеми субјективни потешкотии. Со примена на повеќе меѓусебно комплементарни испитувања на внатрешните органи може да се детектира болеста во нејзината рана фаза, во период кога и исходот од евентуалната терапија би бил најуспешен.

Почетоците на сите, па и на најтешките болести, честопати не даваат никакви симптоми.

Почетокот на болеста ниту болниот ниту пак докторот не можат да ги откријат без дијагностички испитувања. Но токму тука лежи смислата на превенетивните прегледи, бидејќи после појавувањето на знаците на болеста често е предоцна, а прегледите во таа фаза веќе не би можеле да ги наречеме превентивни.

 

Превентивни прегледи

Во нашиот центар нудиме цела палета на различни превентивни прегледи во зависност од потребите на пациентот.

Превентивните прегледи во Центар за внатрешни болести „Срце“ почнавме да ги изведуваме набрзо по отворањето и оттогаш сме прегледале бројни пациенти како од Македонија така и од странство, од најважните политичари и водечките луѓе на најуспешните македонски компании па се до сите останати кои до нас ги донела грижата за сопственото здравје.

Посебна каракактерситика на нашиот Центар е темелен и целосен преглед на секој поединец.

Имено, при откривање на болестите на некои органи мора да се спроведат поголем број на испитувања за да може со сигурност да се исклучи постоeње на болест. Да се констатира дека е пациентот во добра состојба само после едно испитување може да биде погрешно поради можната лажна негативност.

Токму поради тоа во Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ ја нагласуваме важноста на целовитоста на прегледите. Само со помош на целосен преглед може да се постави јасна дијагноза. Само на тој начин и докторот и пациентот ќе можат да спијат мирно.

 

Превентивните прегледи се наменети на средната и постарата генерација на луѓе. Извршување на првиот превентивен преглед се препорачува помеѓу 35 и 40 годишна возраст. За помладите прегледот е потребен во случај на семејно оптеретување за одредена болест (доколку болест од ист тип имал некој член на семејството) или при појава на одредени здравстевени потешкотии. Прегледот посебно им се порепорачува на сите поединци над 50 години, бидејќи во таа возраст се откриваат најголем број на заболувања.

Превентивните прегледи често ги нарекуваме и менаџерски, бидејќи раководните лица (менаџерите) секојдневно се изложени на прекумерни психички оптеретувања и стрес кои претставуваат силни ризик фактори кои го атакуваат здравјето на менаџерите. Исто така со оглед на фактот дека болеста не штеди никого после 50-тата година препопрачливо е за секого да направи преглед без оглед на професијата. Наша препорака е превентивниот преглед да се прави еднаш годишно бидејќи нашата здравствена состојба се менува од година во година, па така дијагнозата од пред неколку години не е гаранција дека сме здрави и денес.

Превентивните прегледи во Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ се заокружени во рамки на препорачливи испитувања кои ги задоволуваат критериумите за сеопфатност, целовитост и темелност, а сепак можат да бидат прилагодени и на индивидуалните потреби. Сите прегледи, вклучително и превентивните прегледи започнуваат со сериозен и фокусиран разговор (анамнеза и статус), потоа следат дијагностичко-лабораторски иследувања после кои следи завршен разговор при кој што приемниот доктор на основа на наодите од сите иследувања на поединецот му ја претставува неговата здравствена состојба и му дава препораки за понатамошно следење, евентуални доинвестигации и лекување во писмена форма.

Во Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ сме способни да поставиме целосна дијагноза без непотребни селидби на пациентите во други здравстевни установи. Тоа ни го гарантираат врвните доктори, најсовремената медицинска опрема како и широкиот опсег на прегледи кои ги извршуваме. Покрај стручноста, исто така важна е љубезноста и убавиот збор кои честопати се поеднакво важни за пацинетот. Во нашиот центар се трудиме да воспоставиме што е можно попозитивна атмосфера со која ќе му овозможиме чувство на удобност и пријатност секому, а судејќи по бројните пофалби кои ги примаат докторите и останиот медицински персонал, тоа и ни успева.