Ендокринологија и ендокринолошки испитувања.

ЕНДОКРИН СИСТЕМ

Ендокринологијата е субспецијалност во рамки на интерната медицина.

Ендокринолозите дијагностицираат и третираат болести и пореметувања на функциите на жлездите со внатрешно                              лачење – ендокрините жлезди како што се дијабетес, пореметувања на тироидната жлезда, растројства на метаболизмот                           на мастите, хипертензија, остеопороза, нарушена функција на надбубрежните жлезди, хипофизата, хормонални растројства кои предизвикуваат неплодност, снижен шеќер во крвта, пореметен раст и развој, низок крвен притисок и проблеми со телесната тежина.

Ендокриниот систем е составен од жлезди кои продуцираат хормони коишто го регулираат растот на телото, метаболизамот,      сексуалниот развој и функција. Хормоните се ослободуваат во крвотокот и преку него се транспортираат до органите ширум    организамот. Подолу е објаснета анатомијата и функцијата на овие жлезди.

Ендокринолошки испитувања и услуги:

  • ултразвук на штитна жлезда
  • гестациски дијабетес
  • дијабетес кај возрасни
  • болести на тироидеа
  • болести на др. жлезди со внатрешно лачење
  • консултации и лекување на горенаведените болести