ABOUT Проф. Д-р Билјана Герасимовска
специјалист интернист - нефролог
Проф. Д-р Билјана Герасимовска го завршува Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Вработена е на ЈЗУ Клиника за нефрологија од 1998 година.
Завршила специјализација по интерна медицина, супспецијализација по нефрологија, како и специјализација по семејна медицина. Магистерската и докторската теза успешно ги одбранила во областа на хипертензија во бременост. Посетувала курсеви за молекуларна биологија, новости во нефрологија и епидемиологија во нефрологија. Во периодот од април до јуни 2007 година престојувала на Клиниката за нефрологија во Хановер, Германија, со стипендија од Европското ренално здружение.
Особен интерес посветува на научни истражувања и стручна дејност во областа на хипертензијата и хипертензијата во гравидитет. Освен тоа, се занимава со повеќе области од клиничка нефрологија – гломерулонефритиси, уринарни инфекции, акутно бубрежно оштетување , хронична бубрежна болест, и друго. Во 2013 година е добитник на награда од проектот „Топ 100 најдобри доктори во јавното здравство“.
Од 2022 година е редовен професор на Медицинскиот факултет во областите интерна медицина и нефрологија.
Дополнителни вештини/информации:
- Член на Европската ренална асоцијација и Европското здружение за дијализа, трансплантација и вештачки органи (ЕДТА-ЕРА),
- Член на Здружението на нефролозите при Македонското лекарско друштво,
- Член на Македонското лекарско друштво,
- Член на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи
- Национален претставник на Катедрата за семејна медицина во советодавен одбор на Европската мрежа за истражување во примарното здравство во периодот 2012-2020
- Национален соработник на Светската здравствена организација за областа родови односи и здравје 2007-2012 година
- Претседател на Македонска асоцијација за хипертензија