ABOUT Проф. д-р Силвана Јованова
специјалист интернист - кардиолог
Проф. д-р Силвана Јованова дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што ја завршила специјализацијата по интерна медицина и супспецијализацијата по кардиологија. Од 1988 година, проф. Јованова е вработена на Универзитетска клиника за кардиологија, Скопје . Во 1998 година се усовршувала од областа на ехокардиографија на Универзитетот во Алабама во Бирмингем, САД и се стекнала со експертиза за клиничка примена на интервентните ехокардиографски процедури и напредните ехокардиографски мадалитети. На клиниката за кардиологија работи како консултант кардиолог со посебен клинички фокус на срцева слабост, кардиомиопатии, кардиоваскуларни заболувања кај жени, дијабетес и КВЗ и напредната ехокардиографија. Раководела со одделот за кардиомиопатии и срцева слабост, ехокардиографските лаборатории, координатор на програмата за срцева слабост и член на тимот за срцева слабост на Министерството за здравство. Нејзиното богато клиничко искуство е презентирано како поканет предавач и преку нејзините многубројни авторски трудови кои се реферирани на секциските состаноци, симпозиуми и конгреси во нашата земја и странство . Таа е професор по интерна медицина и кардиологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професорката Јованова е fellow на HFA на ESC и претседател на Работната група за срцева слабост при Македонското здружение за кардиологија.