ШTO Е ШЕЌЕР?

Под шеќер најчесто се подразбира сахароза, молекула која се состои од два дела-гликоза и фруктоза. Гликозата е шеќер кој патува кон нашиот супериорен мозок хранејќи го, додека фруктозата оди во црниот дроб.

Шеќерот, сахароза се добива со екстракција од шеќерната репка и шеќерната трска. Сахарозата всушност не е ништо друго туку стапче со кое би се намачиле кога би сакале да го изедеме, но не би се засладиле. Но со отстранувањето на растителните влакна, односно со процесот на рафинирање, се добива кристален, бел шеќер без никакви билкови пигменти или минерали- >>совршен<< производ кој ќе засладува она што ќе го јадеме, но со негово континуирано внесување, тивко, подмолно, горко ќе не уништи. Имено шеќерот е причина за низа акутни и хронични состојби што нашиот организам го прават стар.

Да запамтиме 4 грама шеќер е еднакво на една кафена лажичка. Го отвараме својот фрижидер и ги гледаме полиците во кујната.

Див лосос 
Многу добар извор на омега-3 масни киселини, ниско калоричен, во 100 гр.содржи нешто шеќер-0.5 грама. Тоа не е така страшно, што значи кога би ги изеле 300 гр. лосос во текот на денот, калориската вредност би била прифатлива, околу 300 калории, но исто така би внеле само 1.5 гр.шеќер, што е скоро половина лажичка, факт кој не би го очекувавле. Штета! Кој би помислил-шеќер во див лосос!

Моцарела
Познатото италијанско сирење кое спаѓа во оние 40 посто намирници кои не предизвикуваат закиселување(ацидност), како другите останати млечни производи. 
100 грама моцарела содржи грам шеќер, што не е така лошо, но сепак има шеќер.

Грчки Јогурт
100 гр.јогурт има 3.8 грама шеќер. Замислете па тоа е безмалку цела лажичка. Стварно не би очекувале дека ако конзумираме 250 гр.јогурт што многумина од нас го прават секој ден, внесуваме цела супена лажица шеќер.

Лупени печени костени
100 гр.содржат 1 гр.масти, но и 10 грама шеќер-односно две ипол лажички. Разочарувачки!

Moong dal
Мојот омилен snack од леќа. Јасно пишува 100 грама содржи 0.0 грама шеќер. Добра вест!

Ајде сега надвор од кујната, во секојдневниот живот! И немојте да се изненадите кога ќе дознаете дека само во 250 мл на познат газиран пијалок содржи дури 10 лажички шеќер, па ако испиете две лименки ќе внесете 5 супени лажици шеќер! А кафето? Ако пиете две кафиња на ден, а не можете без да го засладите, внесувате најмалку две лажички шеќер!


Ако јадењето не го подготвувавате дома и не внимавате на количеството на шеќер, туку најчесто јадете во ресторан и покрај тоа што грижливо бирате и внимавате што јадете, немојте да се изненадите што во текот на денот сте внеле неверојатни 22 лажички шеќер, а за тоа да не сте биле свесни. Дозволениот внес на шеќери, значи количество кое не штети на здравјето и не би смеело да биде повеќе од девет лажички!

Модерната технологија на храната од педесетите години на минатиот век па наваму, не само што создала 3500 хемикалии кои континуирано ги внесуваме со храната во нашиот организам, туку во голема мерка го користи шеќерот постепено малку-помалку, и се повеќе и повеќе за да не залаже со неговиот сладок вкус.


Статистиката покажува дека од шеесеттите години на 20 век до денес, како се зголемува потрошувачката на шеќер и тоа глобално во целиот свет, истовремено расте и појавноста на заболувања од карцином, дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

Светски познатиот ендокринолог Др. Роберт Лустиг од Калифорнискиот универзитет тврди дека шеќерот е 1000 пати повеќе одговорен за наведените состојби и болести, одошто внесот на мастите, кои последните децении беа обвинети заради тоа што луѓето се сѐ повеќе дебели и болни.

Жителите на Англија во просек несвесно неделно внесуваат во организмот дури 238 лажички шеќер, заради што стручната јавност на Островот шеќерите ги обвинува за порастот на дебелината, посебно кај децата.

Шеќерот денес се смета за виновен што човекот еволуциски почнал да го менува својот изглед, така да тој сладок, тивок убиец се чини дека денес е високо на листата на храна која не убива.


Многу научници подеднакво го споредуваат со опасните средства кои предизвикуваат зависност како што се кокаинот и цигарите, од кои така тешко се одвикнува. Движењето No Sugar (не на шеќерот) денес, како и науката даваат поддршка надевајќи се дека ќе помогнат во освестувањето на луѓето за штетноста на уживањето на слатки. Веќе и на самата помисла на нив кај многумина предизвикува да се активираат плунковните жлезди, така желбата станува несовладлива. Тоа пак упатува на тоа дека сме се >>предозирале<< со шеќер. Следниот пат ќе објасниме како лошата навика на внесување на рафинирани продукти богати со шеќер и масти доведува до заболувања и забрзано стареење.

Др. Горан Николов, специјалист интернист-супспецијалист кардиолог

Search

+