Обединети во борба против синдемија, неповолното синергетско меѓуделување на две пандемии, која му се случува на светот…

Навидум се чини дека дебелината е лесно да се дефинира преку бројки. Стандарден е индексот на телесна маса ИТМ или БМИ кој се пресметува така што телесната тежина изразена во килограми се поделува со телесната висина, а тоа се изразува во метри  квадратни.  Всушност ИТМ е поделен во неколку категории вклучувајќи нормална исхранетост од 20-24.9 кг/м2, прекумерна телесна тежина или здебеленост од 25-29.9 кг/м2, гојност или дебелина >30 кг/м2. Уште поедноставно е мерење на обемот во половината кај жени 80 см или повеќе, кај мажи 94см или повеќе се сметаат за дебелина. Постојат и high-tech metodi како што се апарати за одредување состав на телото (пр. Inbody 720) кои меѓу останатото во телото можат да го измерат масното ткиво.

Ова се изгледа едноставно и конкретно, па може да се помисли дека слабеењето функционира како едноставно пресметување. И не самo тоа туку е врежано мислињето дека едноставно со смален внес на енергија преку храна, а со зголемување на потрошена енергија со вежби, дека прекумерната телесна тежина ќе се стопи сама од себе. Од сето ова произлегува митот дека слбеењето пред сè зависи од снагата на волјата, односно проблемот со зголемената тежина означува ”слаб карактер”.

Но дебелината е многу сложена хронична болест која не може да се сведе само на индивидуална одговорност.

Ќе парафризираме еден напис од научниот часопис Lancet во кој стои дека дебелината е нормален одговор на нормалниот човек на ненормалните услови во кои живееме. Дебелината на никого не е личен избор, никој себе си не си вели: “Сакам да бидам дебел и да имам проблеми заради тоа”. Кога проблемот на дебелината би се решавал меѓусобно само со енергетскиот внес и трошење, лесно би се излегувало на крај. Но, не е доволно само едукација, потребно е правење и менување на околината која ќе овозможува на луѓето таа едукација да ја применуваат. Да ги земеме за пример автоматите за продавање кои се насекаде околу нас, а се полни со нездрава храна и енергетски пијалоци. Зошто наместо тоа да не се нуди здрава храна.

Дебелината е проблем на целото општество и секој од нас би требало да процени колку со своето делување придонесува во нејзиното настанување. Пример секои десет посто од вложување во дигиталната технологија доведува до пораст на дебелината за 1.4%. Да истакнеме дека дури 35 проценти од децата и 65 проценти од возрасните имаат прекумерна телесна тежина. Се проценува дека заради дебелината до 2050 година траењето на oчекуваниот животен век кај човекот ќе биде смален за три и пол години.

Според податоците на Светската здравствена организација, во светот прекумерна телесна тежина имаат вкупно повеќе од две милијарди луѓе. Пандемијата на дебелината се влоши за време на коронапандемијата откако многумина од луѓето остануваат дома, почесто земаат храна, а помалку се движат. Исто така се покажа дека дебелината е меѓу водечките ризични фактори за лош исход на ковид инфективната болест и поголема смртност од корона вирусот. Се случи СИНДЕМИЈА, неповолно синергетско меѓуделување на веќе спомнатите две пандемии.

Меѓу другото дебелината претставува хронична воспалителна состојба која може да предизвика оштетување на ендотелот, внатрешната површина на крвните садови. Заради тоа се зголемува ризикот од атеросклероза и затнување на крвните садови, односно настанување на срцев и мозочен удар. Дебелината е поврзана со пореметен метаболизам на мастите што исто така допринесува за побрз развој на атеросклероза. Дебелината сама по себе погодува на воспаление и зголемено згрутчување на крвта, а кога тоа ќе се здружи со корона инфективната болест кај дебелите луѓе почесто се развива потешка форма на болеста со Covid-19.

Покрај тоа прекумерната телесна тежина повеќекратно го зголемува ризикот на заболување од водечките хронични незаразни болести на денешницата, веќе спомнатите кардиоваскуларни болести, шеќерната болест тип 2, хронична опструктивна белодробна болест, некои малигни заболувања (пр. рак на дојка и дебело црево), ментални пореметувања.

Дебелината допринесува за последици на репродукцијата и тоа не само кај жените туку подеднакво и кај мажите. Познато е дека дебелината дава пореметување на менструалниот циклус, зачестени спонтани абортуси и компликации во бременоста како гестациски дијабетес и хипертензија, а гојните мајки на децата им ја пренесуваат склоноста за дебелина. Но помалку се зборува за тоа дека заради дебелината кај мажите се почеста е неплодност. Дебелината кај мажите е поврзана со низа на хормонски пореметувања кои предизвикуваат смален број и неподвижност на сперматозоиди.

Се наметнува прашањето колку за дебелината се одговорни гените. Дебелината не е “класична” наследна болест, но некои гени влијаат на склоноста кон дебелеење. Но сепак има многу повеќе од биолошките фактори, многу битно е како се однесуваме и во какво окружение живееме. Не постои универзално решение, туку е потребен персонализиран план за секого поединечно. Најдобри резултати се постигнуваат во соработка со лекарите и другите стручњаци (нутриционисти, психолози, кинезиолози…) затоа што не станува само збор за слабеење, туку за темелна промена на начинот на живеење, од исхраната и физичката активност, до спиењето и соочувањето со стресот.

Добрата вест е да во борбата со килограмите и малите придвижувања прават разлика-со губење пет одсто од вкупната телесна тежина се намалува ризикот од други хронични состојби како што се шеќерната болест, снижување на крвниот притисок, зголемување на кондицијата… Денес во нашата земја постојат центри и амбуланти специјализирани за лекување на дебелината, како и ефикасни и сигурни лекови за регулирање на телесната тежина, кои ги имитираат природните процеси во организмот, ја подобруваат регулацијата на глад и ситост со намалување на прекумерната желба за храна. Затоа сите треба да се свесни дека најдобар подарок во Новата година е здравјето.

 

Подготвил и прилагодил: Д-р Горан Николов, Интернист-кардиолог

 

Меѓу другото центарот СРЦЕ е препознатлив по својата работа во областа на диететиката и диетотерапијата. Гојните и лицата со прекумерна телеснa тежина спаѓаат во ризичната група на лица заболени со ковид инфективна болест. Дебелината се покажа како независен фактор за лош исход на болеста, а ние како едни од лидерите во обезитологијата (повеќе од 8000 пациенти) практицирајќи ја превентивната медицина веќе осма година индиректно влијаеме на развојот и исходот на оваа опасна заразна болест.

Search

+