Movember – месец на машкото здравје

Секоја година во текот на месец ноември, милиони мажи ширум светот пуштаат мустаќи со цел подигнување свеста и едукација за ракот на простата, но и за другите машки болести како ракот на тестиси. Од ракот на простата годишно заболуваат и умираат многу мажи и тој е еден од најчестите карциноми кај мажот. Целта на месецот на машкото здравје “Movember” е да се укаже на важноста на превенцијата на малигните заболувања кај мажите. Битно е да се поттикнат мажите, да се охрабрат и да го отфрлат стравот од преглед и да ја разберат важноста на правовремена реакција и реагирање при појава на пречки и сомнителни симптоми, според кои битно е да се направи преглед барем еднаш годишно и да се насочи на превенција и чување на своето машко здравје. Врвни лекари ќе го направат прегледот кој вклучува: анамнеза, односно историја на болеста, разговор со пациентот за неговите тегоби и симптоми, после што следи и клиничкиот преглед.

 

Преглед

Мажите кои приметиле крв во урината или спермата, без симтоми, треба веднаш да се јават кај уролог и интернист заради откривање на причиниата за крвавењето (тумори на уринарните патишта). Истото е потребно да го направат и доколку се напипа грутка на тестисите. Физикалниот преглед се состои од палпација на абдоменот, бубрежните ложи, ингвиналниот канал, преглед на гениталии и простата со дигиторектален преглед.

Ултразвучен преглед на мочниот меур, проста и бубрези – Ехо на урогенитален тракт
Со ултразвук добиваме слика со која јасно се гледа големината и структурната градба на простата (хомогена или нехомогена), постење на јазли или цисти, калцификати или други абнормални структури на простата. Прегледот опфаќа приказ на простата со одредување на нејзините димензии, т.е. волумен.

 

PSA – туморски маркер на простата

Исто така потребно е да се одреди PSA – туморскиот маркер на простата. Неговата вредност се утврдува преку анализа на крвта. Примарно се користи за рано откривање на карцином на простата. PSA исто така може да се зголеми со возраста на мажот, независно од болести, но важно е да се напомене дека зголемениот PSA може, но и не мора да упатува на постоење ризик за рак на простата. Одредувањето на PSA се препорачува еднаш годишно кај мажите над 50 години.

Д-р Горан Николов,
интернист-кардиолог

Search

+