ШТО ПРЕТСТАВУВА СРЦЕВА СЛАБОСТ, КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ, СИМПТОМИТЕ, ФАКТОРИТЕ НА РИЗИК ЗА НЕЈЗИНО НАСТАНУВАЊЕ, КАКО СЕ ЛЕКУВА И ПРЕВЕНИРА
Одбележување на денови на свесност за срцева слабост.

ПРИЧИНИ, ПОЈАВНОСТ И ФАКТОРИ НА РИЗИК
Срцевата слабост може да ги зафати поединечно левата или десната страна на срцето или обете страни. Поради намалената способност на срцето да пумпа, крвта може да заостане во другите делови од телото, како што се црниот дроб, дигестивниот тракт и екстремитетите (десно срцева слабост) или во белите дробови (лева срцева слабост).
СТРУКТУРНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИЧИНИ ЗА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Структурни и функционални причини за срцева слабост ги вклучуваат високиот крвен притисок (хипертензија),болест на митралната валвула, вродени срцеви заболувања, кардиомиопатии, тумори на срцето и други срцеви заболувања.
Додатни фактори вклучуваат инфекции со висока температура или комплицирани инфекции, употреба на некои лекови (како што се бета-блокатори и блокатори на калциумови канали), анемија, неправилни отчукувања на срцето (аритмии), хипертиреоидизам и болести на бубрезите.
Други фактори на ризик за развој на срцева слабост се: пушење, дебелина, прекумерно консумирање алкохол и исхрана со многу масти и сол. Појавноста на срцева слабост е околу 5 проценти од населението. Болеста е почеста кај постарите луѓе.
СИМПТОМИ НА СРЦЕВА СЛАБОСТ
- Чувство на чукање на срцето (палпитации)
- пулсот може да биде неправилен, аритмии
- нагло зголемување на телесната тежина (ненамерно)
- отекување на стапалата и глуждовите
- абдоминален оток
- испапчување на вените на вратот
- губење на апетит, пречки во варење на храната, гадење и повраќање
- отежнато дишење, особено при физичка активност,
- отежнато спиење, отежнато дишење што се јавува по кратко легнување
- замор, слабост, несвестица
- намалена будност или концентрација
- кашлица
- промена на бојата на кожата, синкаста (цијаноза) или жолта(жолтица)
- намалено мокрење (олигурија)
- потреба за мокрење во текот на ноќта (ноктурија)
- доенчињата може да се потат за време на хранењето (или друг напор)
ЗНАЦИ И ТЕСТОВИ
Клиничкиот преглед може да открие неправилно или забрзано чукање на срцето, проширени вени на вратот, зголемен црн дроб, пулмонален едем и знаци на плеврален излив (течност околу белите дробови).
Со слушање со стетоскоп (аускултација)на белите дробови може да се откријат звуци како крцкање или абнормални срцеви тонови. Крвниот притисок може да биде низок или да падне при стоење (ортостатска хипотензија).
Зголемување на срцето или намалена функција може да се одреди со:
- ехокардиограм,
- коронарна ангиографија,
- рендген на граден кош,
- КТ скен на граден кош,
- со нуклеарно снимање (MUGA, RNV).
- ЕКГ може да покаже аритмии.
- повеќекратни крвни тестови, вклучувајќи комплетна крвна слика, биохемиска анализа на крвта и урината додатно би помогнале во дијагностиката во утврдување на точната причина за срцевата слабост.
ЛЕКУВАЊЕ НА СРЦЕВА СЛАБОСТ
Целите на третманот вклучуваат намалување на оптеретување на срцето, контрола на вишокот на задшка на сол и вода во телото (стварање на отоци) и подобрување на работата на срцето.
Срцева слабост бара редовно следење од лекар. Може да биде потребен болнички третман (хоспитализација) ако симптомите се изразени, што подразбира потешкотии со дишењето за време на одмор или при минимална активност; ако нема подобрување на првичниот третман.
Треба да се лекуваат нарушувањата кои ја предизвикуваат срцевата слабост, а исто така и додатните фактори кои дополнително може да ја влошат (корекција на анемија, електролити, функција на штитна жлезда и др).
Лекувањето може да биде медикаментозно, оперативно и други третмани. Во напредни стадиуми на срцева слабост, може е потребно мирување и намалена физичка активност, покрај медикаментозната терапија.
Престанете да пушите и да пиете алкохол (и двете).
ОЧЕКУВАЊА (ПРОГНОЗА) ПОРАДИ СРЦЕВА СЛАБОСТ
Срцевата слабост е сериозно нарушување што може да доведе до намалување на очекуваниот животен век.
Компликации од срцева слабост се:
- пулмонален едем
- целосна срцева слабост (циркулаторен колапс)
- аритмии, вклучително и смртоносни аритмии
- несакани ефекти на лекови
- низок крвен притисок (хипотензија)
- слабост, несвестица
- главоболка
- гастроинтестинални нарушувања (како гадење, повраќање, дијареа)
- токсичност на дигиталис
КОГА ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР
Контактирајте го вашиот лекар доколку се присутни симптоми кои укажуваат на срцева слабост.
Исто така, контактирајте го вашиот лекар ако има слаба зголемена кашлица или спутум, ненадејно зголемување на телесната тежина или отоци на екстремитетите и телотож
Одете во собата за итни случаи или јавете се на 194 ако почувствувате многу силна болка во градите, несвестица или брзо и неправилно чукање на срцето.
НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА ДА НЕ НАСТАНЕ СРЦЕВА СЛАБОСТ
Следете ги советите на лекарот за лекување на состојби кои можат предизвикуваат конгестивна срцева слабост, како и инструкциите во однос на исхраната. Намалете или целосно престанете да пушите и да консумирате алкохол.
Др Горан Николов, Специјалист интернист-кардиолог