ГЕНЕТИКА И ЕПИГЕНЕТИКА: Како генетиката и епигенетиката влијаат на здравјето на косата?

(Втор дел)

Поздравата коса не е исклучиво естетско прашање. Таа, исто така, се потпира на комплексна интеракција помеѓу генетските предиспозиции и епигенетските механизми.

Geni I epigenetski faktori

На пример, наследените фактори ја одредуваат основната структура, дебелина и брзина на раст на косата, како и тенденцијата за опаѓање на косата. Сепак, епигенетските фактори (исхрана, стрес, хормонална рамнотежа и изложеност на загадувачи) можат да „вклучат“ или „исклучат“ одредени гени одговорни за растот и квалитетот на косата.

Хроничниот стрес и нутритивните дефицити доведуваат до епигенетски промени што можат да го забрзаат слабеењето и опаѓањето на косата, додека соодветниот внес на протеини, витамини од групата Б, глукоза и други микронутриенти го поддржува здравиот раст и регенерацијата на косата.

Значи иако генетиката е основа за поздрава коса, епигенетиката одлучува до кој степен таа ќе се манифестира или ќе се влоши со текот на времето.

Aко сакате да откриете како вашата генетика (но и други фактори) влијае на вашата коса, препорачуваме генетски трихотест. Овој современ тест ќе покаже што конкретно влијае на опаѓањето на косата во вашиот случај и ќе ви помогне да ја пронајдете вистинската терапија за вашата коса.

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ

Изборот на вистинската храна и додатоци во исхраната може да има одлучувачко значење за епигенетските процеси:

Храната богата со сулфоратан (брокула, кељ), генистеин (соја), фисетин (јагоди,  јаболка) или катехини (зелен чај) позитивно влијае на генетската експресија.

Витамините Б12, Б6 и фолатот ја поддржуваат метилацијата и може да се добијат преку риба, месо, лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семиња.

Кога станува збор за додатоци, се препорачуваат Б-комплекси со метил-фолат и метил-Б12, како и додатоци како што се EГЦГ, ресвератрол, кверцетин и лутеолин, кои се поврзани со позитивни епигенетски ефекти.

Покрај тоа, избегнувањето на токсини (пластика, пестициди, хербициди, PFAS хемикалии и тешки метали) и користењето филтри за вода и воздух придонесуваат за подобра средина за нашите гени.

Физичката активност треба да вклучува најмалку 150 минути неделно комбиниран кардио и тренинг за сила, а пожелно е да се воведе и јога или медитација кои имаат научно докажани ефекти врз намалување на воспалението и закрепнувањето и подобрување на епигенетските маркери.

Борбата против стресот вклучува и внесување на многу магнезиум (особено магнезиум глицинат), вежбање техники за релаксација, како што се прошетки во природа, медитација или водење дневник.

ГРИЖЕЈЌИ СЕ ЗА СЕБЕ, МОЖЕМЕ ДА ВЛИЈАЕМЕ НА НАШИТЕ ГЕНИ!

Нашето здравје не е непроменливо. Иако гените ни се дадени при раѓање, епигенетиката ни покажува дека секојдневните одлуки можат да го сменат текот на потенцијалните болести.

Прошетката или здравиот оброк можат да ги „вклучат“ или „исклучат“ клучните гени, а со тоа во помала мерка да го променат текот на нашите животи. Покрај тоа, важно е да се искористат сите предности на позитивните епигенетски влијанија, од исхрана и пробиотици до редовно вежбање и управување со стресот.

Др Матеј Николов, специјализант по интерна медицина

Search

+