Нутриционистички прегледи

Согласно со препораките на надлежните органи овозможивме нутриционистичките прегледи и контроли да ги спроведуваме и онлајн, на брз и едноставен начин!

Онлајн прегледот вклучува видео консултација и изготвување индивидуален режим на исхрана кој ќе Ви биде испратен на Вашата е-пошта и сето тоа под надзор и консултација со нашите лекари и нутриционисти.

Во понатамошните контроли ќе Ви биде изработен и тест на интолеранција на над 250 видови храна по безкрвен пат и ќе Ви се направи професионално мерење на составот на телото со помош на In body анализатор. Тестот на интолеранција и мерењето се вклучени во цената што ја плаќате за онлајн прегледот.

Како да закажете онлајн преглед?

1. Чекор

Исполнете ја контакт формата подолу со сите задолжителни полиња.

2. Чекор

Откако ќе бидете контактирани од наша страна, ќе добиете насоки како да извршете уплата. По евидентираната уплата, ќе Ви испратиме е-пошта со детален прашалник, како и предлог за потребните лабораториски анализи коишто треба да ги направите и да ни ги доставите во електронска форма.

3. Чекор

Откако ќе ги добиеме одговорениот прашалник и лабораториските анализи, во консултација со лекар, нутриционист и со Вас, се договара термин за преглед и се извршува закажаниот преглед преку Skype, Viber ili WhatsApp.

4. Чекор

После извршениот преглед, преку е-пошта Ви го испраќаме Вашиот индивидуален режим на исхрана, предлог суплементација и договараме термин за контролен преглед.

5. Чекор

После потребниот временски период придржување кон препишаниот режим на исхрана, како и по неколку извршени онлајн контроли, договараме термин да Ви се направи професионално мерење на составот на телото со помош на In body анализатор и тестот на интолеранција на храна.