Успешна приказна: Притисокот ми се врати во нормала со нутриционистичката програма на Срце – Центар за внатрешни болести
Намалувањето на тежината помага за подобрување на целокупното здравје, меѓу што и намалување на зголемениот крвен притисок. Нашата пациентка Ј.К. долго време се соочувала со прекумерна тежина, но и со покачен крвен притисок.
По извршените прегледи и тестирања во одделот на диетика и диетотерапија беше утврдено дека станува збор за жена со прекумерна телесна тежина од 120 килограми, централен тип на дебелина и индекс на телесна маса 39.

ПРОБЛЕМ СО ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Животот на пциентаката Ј.К. бил исполнет со стрес и нездрави навики за јадење, што довело до сериозни здравствени проблеми. Крвниот притисок и бил постојано висок, а заморот, главоболките и другите непријатности биле дел од нејзиното секојдневие. Свесна за опасностите кои ги носи прекумерната тежина, решила дека е време да превземе нешто.
„Се чувствував уморна и исцрпна. Главоболките беа неподносливи, а знаев дека високот притисок може да доведе до сериозни здравствени проблеми во иднина. Одлучив дека е време за промена, па побарав помош во Срце.“ – Ј.К.
По дефинирање на симтомите, врз пациентката беше извршен интегриран пристап за одредување на индивидуална нутриционистичка програма со додадена суплементација и лекови со кои ќе помогнеме да се намали телесната тежина, како и за лекување на настанатите здравствени состојби.
РЕШЕНИЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА И ПОСТИГНУВАЊЕ ОПТИМАЛНО ЗДРАВЈЕ
„Со препорака на пријател, се обратив на Срце – Центар за внатрешни болести. Таму ме пречекаа со топлина и професионализам, и ми беше предложена нутриционистичка програма која беше целосно персонализирана според моите потреби“.
Процесот започна со детални анализи и интегриран пристап кој опфаќаше:
- Нутриционистички преглед
- Проценка на метаболен статус
- Одредување на состав на телото со InBody 720 анализатор
- Тест за интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници
- Консултации со нутриционист и лекар специјалист
Овие анализи дадоа јасна слика состојбата на пациентката и како да постапиме понатаму за да ги постигнеме посакуваните цели.
„Бев скептичен на почетокот, но нивната професионалност и поддршка ми помогнаа да се чувствувам како дома. Одлучив дека ќе го направам тоа за моето здравје и за мојата иднина.“ – Ј.К.
РЕЗУЛТАТИ
Пациентката Ј.К. успеа да ја намали телесната тежина за 45 кг. за период од 6 месеци, по спроведување на хигиено-диететските мерки, како и зголемената физичка активност и соодветната терапија. Пред последната контрола пациентката две недели водеше дневник на крвниот притисок според кој беше заклучено дека вредноситите на притисокот се нормализирале.
„Успеав да ја намалам тежината и мојот крвен притисок конечно се стабилизираше. Се чувствувам поубаво и поздраво од било кога. Благодарение на Срце, мојот живот значително се подобри.“ – Ј.К.
БОРБАТА ПРОТИВ ДЕБЕЛИНАТА: ПОМОШ И ПОДДРШКА ОД СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ
Ако се соочувате со прекумерна телесна тежина, како и пореметувања на здравјето предизвикани од дебелината побарајте помош во Срце – Центар за внатрешни болести. Нутриционистите и докторите специјалисти во нашиот центар ќе ве поддржат во вашата борба и ќе ви помогнат да остварите позитивни резулати.
Контактирајте нѐ и закажете нутриционистичи преглед како прв чекор до вашата посакувана тежина и постигнување на оптимално здравје.