ТАЈНАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ВАРЕЊЕ – НОРМАЛНА БАКТЕРИСКА ФЛОРА

Човечкиот организам е населен со разновидни микроорганизми кои заеднички се нарекуваат микробиом. Тие ја претставуваат нормалната флора, живеат и се размножуваат на површината на кожата и слузниците. Цревата и усната празнина се најгусто населени делови со нив.

Овие микроорганизми можат да бидат корисни, но има и такви кои се штетни за човекот. Добрите бактерии на цревата се важни за варењето на храната. Тие ги уништуваат штетните бактерии, како и другите микроорганизми. Нормалната флора ја намалува киселотста на локалната средина и тоа постанува бариера за настанување на инфекции со патогени организми.

Микробиомот произведува антибактериски материи (антимикробни протеини, антитела, пептиди), масни киселини со кратки синџири, метаболни разградни продукти. Бактериите на дебелото црево ги синтетизираат и витамин К,Б12, фолати.

Составот на миркобимот се менува во текот на животот и зависи од индивидуални фактори и фактори на околината. Микробиомот е стабилен систем доколку факторите кои го нарушуваат се привремени (антибиотици, неправилна исхрана, болести – заразни и незаразни, нарушувања на циркардијалниот ритам). Кога микробиомот на цревата содржи премногу штетни и недоволно добри бактерии доаѓа до нерамнотежа, т.н. дисбиоза. Дисбиозата и намалената разновидност на цревната флора се поврзани со настанување на инсулинска резистенција, дебелина, воспалителни заболувања и карцином на дебелото црево.

bakteriska flora i varenje na hrana

ШТО ГО НАРУШУВА МИКРОБИОМОТ НА ЦРЕВАТА?

  • НЕИЗБАЛАНСИРАНА ИСХРАНА

Кога не ги внесуваме сите потребни хранливи материи, доаѓа до нарушување на рамнотежата во микробиомот на цревата. Недостаток на разновдност на микробиомот го ограничува заздравувањето на цревата од штетни влијанија како што се инфекции или антибиотици.

Исхраната која се состои од намирници во природен облик, како овоштје, зеленчук, интегрални житарки, помага во растот на различни врсти на бактерии, што резултира со разноврстна цревна флора.

Неправилната исхрана може да го промени составот на цревната фолра за неколку дена. Индустиски преработената храна богата со шеќери и транс масти предизвикува трупање на лоши бактерии во цревата.

  • НЕДОСТАТОК НА ПРЕБИОТИЦИ ВО ИСХРАНАТА

Пребиотици се вид на влакна кои го поттикнуваат растот и активноста на добрите бактерии. Многу намирници вклучително овошје, зеленчук и интегрални житарки, природно содржат пребиотички влакна. Нивниот недостаток во исхраната може да биде штетен за целокупното здраво варење на храната.

Храна која вклучува голем број пребиотици: леќа, леблебија, грав, овес, банани, аспарагус, лук, кромид, праз, ореви.

  • УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

Еден од главните недостатоци на антибиотиците е тоа што влијаат и на добрите и на лошите бактерии во цревото. Всушност, само една терапија со антибиотици може да доведе до поремети составот и разновидноста на цревната флора. Антибиотиците обично предизвикуваат краткотраен недостаток на добри бактерии и можат привремено да ги зголемат штетните бактерии.

Меѓутоа антибиотиците исто така можат да доведат и до долготрајни промени во микробиомот на цревата. После испиената доза на антибиотици, добрите бактерии се враќаат за 1-4 недели, но може да дојде до тоа да нивниот број не се врати на почетното ниво.

  • ПРЕТЕРАНА КОНСУМАЦИЈА НА АЛКОХОЛ И ЦИГАРИ

Цигарите и големите количини на алкохолни пијалоци докажано е дека имаат негативно влијание на севкупното здравје. Пушењето е еден од факторите на ризик за развој на воспалителните болести на цревата. Во едно истажување утврдено е дека со престанок на пушењето се зголемува разноврсноста на цревната флора, што е показател за здравјето на цревата.

Што се однесува до алкохолните пијалоци, одредени истражувања покажале дека хронична употреба на алкохол може да предизвикува проблеми со цревата, вклучително и дисбиоза.

  • НЕДОСТАТОК НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Неодамнешни студии упатуваат дека физичката активност може да ги промени бактериите во цревата, подобрувајќи го здравјето на цревата. Зголемената кондиција поврзана е со поголема количина на бутирати, масни киселини со кратки синџири кои се важни за општото здравје, но и за микробиомот на цревата.

  • НЕДОСТАТКОТ НА СОН

Освен што недостатокот на сон може да го промени циркардијалниот ритам на телото, се чини дека има штетен ефект на цревата. Една студија од 2016 година, била прва која ги истражувала ефектите на краткотраен сон врз составот на цревната флора.

Споредувани се ефектите на краткотраен сон од 4 саати во однос на сон од 8.5 часа. Краткотрајниот сон предизвикал суптилни промени во микробиомот на цревата и ја зголемил количината на оние бактерии поврзани со дебелината, дијабетес тип 2 и метаболизмот на мастите.

ПРЕГОЛЕМ СТРЕС

Стресот може да ја зголеми осетливоста на цревата, да се намали протокот на крв во цревата, со што може да влијае на промена на микробиомот на цревата. Тој може да предизвика намалување на добрите бактерии.

Како што со лошата исхрана може да се наруши микробиомот на цревата, така со правилна исхрана микробимот повторно може да се врати во рамнотежа.

ХРАНИ КОИ ПОМАГААТ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА МИКРОБИОМОТ НА ЦРЕВАТА

Ферментирана исхрана како кисела зелка или краставици, комбуха, јогурт или кефир, кои содржат голем број на здрави бактерии кои ги неутрализираат лошите бактерии во цревата.

Интегрални житарки (со цело зрно). Житарките со цело зрно содржат билни влакна како бета глуканот кој ги разградува лошите бактерии и на тој начин помага во воспоставувањето на нарушената рамнотежа.

Полфеноли. Полифеноли се билкови соединенија кои се наоѓаат во црвеното вино, зелениот чај, црната чоколада, маслиновото масло и интегралните житарки. Бидејќи овие соединенија биваат разградени во цревата, тие го поддржуваат растот на добрите бактерии.

Пробиотици. Пробиотиците се микроорганизми кои благотворно влијаат на системот за варење, како и на имунолошкиот систем. Правилно избраниот пробиотик, може да го обнови микробиомот на цревата.

Пребиотици. Пребиотиците се материи кои го поттикнуваат растот на добрите бактерии. Храна богата со пребиотици се: артичока, банани, аспарагус, грејпрфрут, портокали, овес, јаболка.

ИЗРАБОТКА НА РЕЖИМ НА ИСХРАНА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ ЦЕЛОКУПНО ЗДРАВЈЕ: СРЦЕ – ЦЕНТАР ЗА ВНАТРЕШНИ БОЛЕСТИ

Исхраната игра критична улога во одржувањето на менталното здравје. Важно да обрнеме внимание на тоа што внесуваме во нашиот организам и да избереме храна која позитивно влијае врз нашето ментално здравје. Доколку не сте сигурни што треба да внесувате, а што да избегнувате обратете се во нашиот центар.

Во Срце – центар за внатешни болести се фокусираме на индивидуалните потреби на секој пациент. Одделот за диететика и диетотерапија е предводен од реномирани нутриционисти и специјалисти кои ќе ви помогнат да постигнете оптимално здравје, како физичко така и психичко, преку креирање на индивидуален режим на исхрана,

Контактирајте нѐ за да закажете преглед и изработка на индивидуален режим на исхрана.

Search

+