ХРАНА КОЈА ПОМАГА ЗА ПРИРОДНО СОЗДАВАЊЕ НА КОЛАГЕН ВО ТЕЛОТО
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата.
Со текот на времето, идеалните нивоа на колаген кое се произведува по природен пат, почнува да се намалува. Колагенските влакна се распаѓаат или повеќе не се регенерираат.
Недостатокот на колаген во телото резултира со мускулно-скелетни нарушувања како:
- артритис
- остеопороза
- вкочанетост
- нарушена органска структура на коските
- мускулни повреди,
нарушување на имунолошкиот систем и појава на физички промени поврзани со стареење, како што се брчки, целулит, кожата и косата го губат сјајот и еластичноста.
Затоа се препорачува да се јаде храна богата со колаген со цел да се поддржи здравјето на организмот, но и да се намали појавата на знаци на стареење на кожата.

ХРАНА КОЈА ГО ЗГОЛЕМУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КОЛАГЕН ВО ТЕЛОТО
За да се направи колаген, телото синтетизира различни хранливи материи од храната што ја јадеме, вклучувајќи амино киселини (од храна богата со протеини), витамин Ц, цинк, бакар, сулфур и омега 3 масни киселини.
За да постигнете зголемено ниво на колаген во телото практикувајте урамнотежена исхрана богата со хранливи материи потребни за создавање колаген, наместо само да консумирате колагенски прав или капсули.
Некои храни кои можете да ги конзумирате за зголемување на производството на колаген се:
Супа од коски. Супата од коски е еден од најбогатите извори на колаген. Се подготвува со варење на животински коски и сврзно ткиво, кое ослободува колаген, желатин, глукозамин и хондроитин. Овие соединенија се корисни за здравјето на зглобовите и кожата.
Пилешко месо. Пилешкото месо особено деловите со сврзно ткиво како што се крилцата и батаците, содржат високо ниво на колаген.
Јајца. Јајцата содржат колаген и други хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на кожата и зглобовите. Јајцата содржат и сулфур, кој е неопходен за производство на колаген.
Риба и морски плодови. Рибите, особено лососот и туната, содржат високо ниво на колаген во нивната кожа и лушпи. Морскиот колаген полесно се апсорбира поради неговата помала големина на честички во споредба со колагенот од други извори.
Лук. Лукот содржи сулфур, кој е потребен за производство на колаген. Исто така содржи и таурин и липоична киселина, кои помагаат во обновувањето на оштетените колагенски влакна.
Цитрус и бобинки. Иако цитрусно овошје не содржи колаген, тие се богати со витамин Ц, кој е клучен за синтезата на колаген во телото. Витаминот Ц помага во врзувањето на амино киселините пролин и лизин во колагенските влакна.
Бобинките како јагоди, боровинки и малини се исто така богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои ги штитат колагенските влакна од оштетување предизвикано од слободните радикали.
Јаткасти плодови и семиња. Јаткастите плодови и семките, особено бадемите, семките од тиква и семките чиа, содржат цинк и бакар, минерали кои се неопходни за производство на колаген
Темнозелен зеленчук. Тој е богат со витамин Ц, темнозелениот зеленчук како спанаќот и кељот може да го поттикнат производството на колаген. Помагајќи да се одржи бариерата на кожата, да се задржи влагата, да се пополнат брчките и да се избледат лузните од акни.
Грав. Гравот е високопротеинска храна што често содржи лизин, една од аминокиселините потребни за синтеза на колаген. Исто така и боранијата е богата со хранливи материи потребни за производство на колаген.
Се препорачува да имате барем еден оброк богато со колаген во вашето мени секој ден. Избегнувајте прекумерно консумирање шеќер и пијте многу вода бидејќи хидратацијата е клучна за одржување на здравјето на кожата и сврзното ткиво
Моника Велинова, нутриционист, дипл. инж. – технолог по исхрана